30 Април, 2024
0.0276

Образовен систем недоволно прилагоден кон пазарот на трудот!

Објавено во: Економија, Колумни 17 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

Магистри, доктори, накитени со дипломи,  стручњаци, експерти за се, од игла до локомотива,  кои кога стартуваат со работа, речиси и да не се продуктивни, како одново да почнуваат со учење, а стекнатото академско образование многу малку им помага во работата. Жално но младите по завршен факултет се речиси “голи” со практични знаења, потребно е долго време за да дојдат до ниво да создаваат вредности кои на нивните работодавачи ќе им носат профит, по што се наметнува прашањето за квалитетот на нашиот образовен систем!  Интересно е што ретко кој ново вработен е свесен за тоа, оти најчесто младите  имаат и високи финансиски очекувања. Зошто е тоа така? Дел од причините  се во честите промени во образовниот систем, во недоволно прилагоденото образование со пазарот на труд,  во преголемиот број на факултети и конкуренцијата која не доведе до квалитет, во целокупната атмосфера на едно партизирано општество во кое се изгубени вистинските вредности, каде индивидуата е оставена сама на себе! Причината е во образовниот систем кој помалку создава тесни специјализации и микро експертиза, повеќе општи знаења! Последниве 10-тина години расте бројот на млади луѓе кои се запишуваат на факултет, како и на постдипломски студии. Тоа секако само по себе е позитивно, но важно се и причините зошто тој број расте? Дали поради силниот порив за едукација или тоа стана мода имајќи во предвид  дека и не е толку тешко да се заврши факултет посебно на приватен факултет. Дали бројот расте поради тоа што младите луѓе не можат да најдат соодветно вработување,  па се решаваат да студираат, па и да ги продолжат студиите и да се запишат на постдипломски. Но, иако овој број расте, се уште процентот на млади кои студираат е под просекот на ЕУ. Најголем процент, над 50% млади на возраст од 30-34 години со завршен факултет има во Литванија, Луксембург, Ирска и Шведска, додека Македонија е во група на земји со Турција, Словачка и Чешка кои немаат ни 30%. http://ec.europa.eu/eurostat/statistics-explained/index.php/Tertiary_education_statistics#Main_statistical_findings Тоа е индикатор за сеуште ниско ниво на квалификуваност на работната сила и за неразвиеност на економијата која создава производи и услуги со помала додадена вредност. Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Македонија, во академската 2014/2015 година се запишани вкупно 59 359 студенти (од нив 87.3% се запишани на државните високообразовни установи, додека 12.2 % се запишани на приватните високообразовни установи). На следниов линк може да се види каква е состојбата со бројот на студенти во другите земји http://ec.europa.eu/eurostat/statistics-explained/index.php/File:Students_in_tertiary_education,_2012_(%C2%B9)_YB15.png Расте бројот на магистри по глава на жител! Во 2013 година, звањето магистер на науки и специјалист го стекнале вкупно 1 664 лица од кои 1 558 или 93.6% се магистри и 106 или 6.4% се специјалисти. Бројот на магистри и специјалисти, во споредба со 2012 година, е зголемен за 6.1%. (http://www.stat.gov.mk/pdf/2014/2.1.14.05.pdf) Во Македонија моментално има пет државни универзитети со 57 факултети, шест приватни универзитети со 42 факултети и повеќе од 50 дисперзирани студиски програми надвор од универзитетските центри.  Се наметнува прашањето дали големиот број на факултети и конкуренцијата меѓу нив носи нов квалитет? За жал малку се факултетите кои вложуваат во истражувања, бидејќи и државата одвојува многу малку средства за ваква намена, а финансиите кои ги собираат факултетите по други основи не се доволни. Недостатокот на средства е причина да нема менторски систем и индивидуална работа со студентите, и малку да се вложува во мотивирање на професорите и во нивна надградба. Факултетите, посебно дел од приватните многу повеќе вложуваат во реклами за привлекување студенти отколку во збогатување на својата наставна програма и вложување во својот кадар, што е и една од причините зашто поголемиот дел од завршените студенти имаат проблеми со прилагодување на работните места, и треба да помине долго време за да бидат продуктивни и вистински да придонесуваат. Лесно се завршува факултет, без да се стекне вистинско образование! За жал на дел од факултетите плаќањето висока школарина претставува начин да се стекне диплома. На дел од студентите цел им е да се дојде до диплома, а не до знаење, додека факултетите во недостиг на финансии ги толерираат под просечните студенти, кои добиваат преодни оцени! Кога ќе почнат со работа  завршените студенти дополнително се разочаруваат и поради фактот дека се малку компаниите кои имаат оддели за човечки ресурси, кои ќе се грижат за нив, ќе ги насочуваат и помагаат, и ќе им овозможат професионален развој, што дополнително влијае негативно на процесот на прилагодување на младите. Во овој момент во Република Македонија има 7,2 проценти жители со високо образование, а за жал, околу 25.000 високостручни кадри се невработени, дел и такви кои и не сакаат да работата било што и било каде. Се прават премногу промени! Се прават чести промени и реформи во образованието, а недоволно време е оставено да се видат и оценат резултатите од тие промени. Секоја реформа, независно колку  е мала или голема, треба да почне со фаза на пилотирање во една образовна единица, да се измерат резултатите, да се  види што функционира, а што треба да се менува, пред да се примени реформата во целиот образовен процес. Тоа подразбира и следење на учениците, студентите по излегување од образовните средини, оценување на можноста за нивно прилагодување во професионалната средина. Значи дека тоа треба да биде подолг процес, кој бара време и ресурси, и токму поради тоа не треба да се брза со реформи, со цел да се спречи децата да бидат заморчиња на површни експерименти. Образовен систем недоволно приспособен кон пазарот на трудот! Образовниот систем треба да биде во многу тесна врска и постојана соработка со работодавачите и од нив да добива информации за тоа што го бара пазарот на трудот. Успешното образованието подразбира постојан дијалог со работодавачите и да ги вклучува што повеќе во планирањето и оценувањето на образовните резултати. Но, за да се оствари ваква врска потребна е оспособеност и на работодавачите за да можат да ги препознаат, формулираат па дури и предвидат своите идни потреби на подолги патеки, а не само краткорочно. Нема логика еден факултет за маркетинг и односи со јавноста во креирањето на својата наставна програма да не вклучува експерти од праксата.  Добро знаеме колку е важна улогата на еден професор во мотивацијата на студентите, и колку тие се важни за разгорување на желбата за дополнително знаење. Нема прецизна статистичка информација колку млади студираат во странство. Општата перцепција е дека секој кој може финансиски тоа да  си го дозволи, ќе се определи за студии надвор од нашата земја, од проста причина што верува дека квалитетот на студии што таму ќе го добие е многу поголем, и со таа диплома има поголеми шанси да најде работа. Дополнително и поради можност на тој начин побрзо и полесно да се напушти својата земја. Ова е нешто што треба да се сопре! Образовниот систем не треба да биде поле на собирање политички поени. Со него треба да се занимаваат само независни професионалци, кои нема преку ноќ да менуваат програми и постојано нешто да реформираат. Тоа што е добро треба да остане, а другото внимателно и постепено да се менува. Универзитетите треба да останат автономни. Праксата во текот на студирањето треба посериозно да се имплементира, па дури и како обврска на компаниите. Образованието да стимулира професионалци!. Сашо Дуљанов

Можеби ќе ве интересира

ЌЕ ИМА ЛИ ДОБАР БИЗНИС: Кој ќе го снабдува Чаир со парно греење?

ЌЕ ИМА ЛИ ДОБАР БИЗНИС: Кој ќе го снабдува Чаир со парно греење?

ДОЛАР СО ГРЕШКА ВРЕДИ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Милиони вакви банкноти кружат, потрагата не запира, но досега се откриени само 18

ДОЛАР СО ГРЕШКА ВРЕДИ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Милиони вакви банкноти кружат, потрагата не запира, но досега се откриени само 18

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок