26 Јули, 2024
0.0269

ОБРТОТ НА ИНТ НА ГОДИШНО НИВО СЕ ДВИЖИ МЕЃУ 10 И 15 МИЛИОНИ ЕВРА: бизнисменот Николчо Илијев искрено на секоја тема во „Бизнис муабети“ на Фактор

Објавено во: Македонија 26 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Во најновото издание на „Бизнис муабети“ на Фактор ќе го проследите муабетот со бизнисменот и поранешен градоначалник на Кочани, Николчо Илијев кој разговараше со колегата Мишко Иванов на најразлични теми. Неговата посветеност на бизнисот, успехот на комапнијата, но и остнатите инвестиции. Тој без водршки зборуваше за неговата животна определба прво да се фокусира на изградба на бизнисот, а потоа на проширување на домот.

„Импресивна биографија и неверојатна приказна го одбележува нашиот денешен гостин“, истакна Иванов веднаш на самиот почеток од поткастот „Бизнис муабети“.

Во најновото издание на поткастот на Фактор, „Бизнис муабети“, Иванов во детали на повеќе теми со Илијев.

Како што споделивме вчера, Илијев во детали раскажува за успехот на неговата компанија ИНТ, за која откри дека целосно е ориентирана кон извоз и за која посочи дека во последните 15 години има обртот меѓу 10 и 15 милиони евра на годишно ниво. Што се однесува до добивката, за тој сегмент потенцираше дека знаела да биде и висока, но и релативно ниска.

За „Бизнис муабети“, Илијев откри дека плата им дава на вработените пред крајот на месецот и дека не чека да дојде ниту први во следниот месец.

Искрено открива дека прва цел во животот му е развој на бизнисот, па потоа желбите и задоволствата.

-  Добро е да се има желби, но не многу, оти тоа може да биде опасност. И јас сакам автомобили, но тука застанува мојата желба, ако можам да си го купам, ќе го купам, но ако не можам тука застанувам. Прва цел ми е развој на бизнисот.

Ако ви кажам дека со моето семејство живеев во стан од 68 квадрати, а инвестирав во бизнис. Се што имав инвестирав во бизнис. Значи прво направив хала, после тоа пристоен дом за живеење за моето семејство – кажа Илијев.

Веднаш на самиот старт од разговорот, Иванов го прашува Илијев: „со политика завршивте?“.

-  Така е. Не сум бил политичар никогаш, но бев градоначалник четири години. Беше една моја екскурзија, сакав да видам како ќе функционира. Среќен сум што за тие четири години успеав да оставам траги за кои луѓето кои се искрени се уште зборуваат. Но, пак, ќе кажам, не сум бил член на партија, ниту сум, туку одредени околности ме донесоа до тоа место, но се надевам дека оствени се позивини импресии – вели Илијев.

Многу повеќе за нашиот познат и импресивен бизнимсен ќе откриете во денешното изднаи на „Бизнис муабети“ на Фактор.мк


Фото: Принтскрин/Јутуб

Можеби ќе ве интересира

ДЕСЕТ ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ ДОБИЈА НОВИ В.Д. ДИРЕКТОРИ: Еве кои се

ДЕСЕТ ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ ДОБИЈА НОВИ В.Д. ДИРЕКТОРИ: Еве кои се

СРПСКИ ПОЛИЦАЈЦИ ЌЕ ВОВЕДУВААТ РЕД ВО ОХРИД: Србија ни „позајмува“ четворица полициски службеници во август

СРПСКИ ПОЛИЦАЈЦИ ЌЕ ВОВЕДУВААТ РЕД ВО ОХРИД: Србија ни „позајмува“ четворица полициски службеници во август

КАКОВ АВГУСТ ЌЕ ИМАМЕ? Се најавува уште поголем топлотен бран од Африка

КАКОВ АВГУСТ ЌЕ ИМАМЕ? Се најавува уште поголем топлотен бран од Африка

Со модерни планови до одржлив развој на општините

Со модерни планови до одржлив развој на општините

Мицкоски: Од информациите кои ги имам, има индиции на злоупотреби во Академијата за судии, ова е доказ дека во државата има заробено обвинителство и судство

Мицкоски: Од информациите кои ги имам, има индиции на злоупотреби во Академијата за судии, ова е доказ дека во државата има заробено обвинителство и судство

ОДЛОЖЕНО СУДЕЊЕТО ЗА УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ: ќе им се суди заедно со првоосомничениот Палчо

ОДЛОЖЕНО СУДЕЊЕТО ЗА УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ: ќе им се суди заедно со првоосомничениот Палчо

„НЕ ЗНАМ ШТО МE ОПСЕДНА“: Уби девет млади луѓе, рани 12, а вака се обиде да се одбрани Урош Блажиќ

„НЕ ЗНАМ ШТО МE ОПСЕДНА“: Уби девет млади луѓе, рани 12, а вака се обиде да се одбрани Урош Блажиќ

КОРОНА ВИРУСОТ ПОВТОРНО АКТУЕЛЕН ВО ГРЦИЈА, ДОМИНИРА FLiRT: Македонските туристи не пријавиле никакви здравствени проблеми

КОРОНА ВИРУСОТ ПОВТОРНО АКТУЕЛЕН ВО ГРЦИЈА, ДОМИНИРА FLiRT: Македонските туристи не пријавиле никакви здравствени проблеми

„Се сеќаваме на притисоците врз претседателката на Врховниот суд оти одби да го помилува Груевски“: Вреди со реакција на извештајот на Европската комисија

„Се сеќаваме на притисоците врз претседателката на Врховниот суд оти одби да го помилува Груевски“: Вреди со реакција на извештајот на Европската комисија