ОБСЕ со први реакции за изборите - Засега е мирно, оценка утре
Објавено во: Македонија 11 Декември, 2016 10:59
Мисијата на ОБСЕ во Македонија излезе со првата реакција за денешните предвремени избори кои засега поминуваат мирно, без поголеми пречки и нарушувања.
- Се надеваме дека денеска ќе биде мирен изборен ден без проблеми, бидејќи на Македонија и се неопходни овие избори за да излезе од политичката криза која трае две години, изјави шефот на набљудувачите од делегацијата на Парламентарното собрание на ОБСЕ, Азај Гулијев, по посетата на Избирачкото место 5 во Гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Скопје.
Гулијевистакна дека прелиминарната оценка за текот на изборите ќе биде дадена во текот на утрешниот ден, откако ќе се сублимираат забелешките и резултатите од целодневното набљудување на изборниот процес и денес нема да даваат повеќе конкретни информации за текот на гласањето.
Посочи дека имаат 250 краткорочни набљудувачи кои се распоредени низ целата земја.
Гулијев го посети избирачкото место заедно со Специјалниот координатор одговорен за предводење на краткорочната мисија на ОБСЕ за набљудување на парламентарните избори во Македонија, Роберто Батели.
Батели се согласува со ставот на неговиот колега дека оценката може да се даде по завршувањето на избирачкиот процес. Досега, додаде, нема информации за какви било недостатоци на избирачките места.
Можеби ќе ве интересира
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




