26 Јуни, 2024
0.0289

ОБВИНИТЕЛЕН ПРЕДЛОГ ЗА ДВАЈЦАТА ЗА ЈУТЈУБ ИНТЕРВЈУТО - за Латас се бара одземање на пасошот, ни тој ни Лазаров не смеат да имаат јавни настапи

Објавено во: Македонија 21 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Основното јавно обвинителство Скопје пред надлежниот суд поднесе Обвинителен предлог против две лица за кривично дело – Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

„Двајцата обвинети преку компјутерски систем, ширеле расистичка и ксенофобична репрезентација на идеја која промовира насилство спрема жени, со што предизвикале реакции и чувство на згрозеност и вознемиреност во јавноста.

Првиот обвинет, гостувајќи во интервју објавено на 14 февруари како поткаст на Јутјуб канал на вториот обвинет, јавно промовирал чин на полово насилство, евоцирајќи спомени од неговото наводно минато, без да изнесе морална осуда или каење, со тоа свесно промовирајќи го таквото насилничко однесување.

Вториот обвинет, иако бил свесен за влијанието што го има содржината што ја емитува особено меѓу младата популација, сепак не го спречил или прекинал соговорникот, туку дополнително го наведувал со коментари и потпрашања да го прераскажува спорниот настан.

По наредба на јавен обвинител, Секторот за компјутерски криминал при МВР го документираше и го обезбеди наведениот поткаст и целокупниот доказен материјал кој ги потврдува елементите на кривичното дело за кое е предвидена казна затвор од 1 до 5 години“, се вели во споопштението од ОЈО. 

Поради опасност од бегство, надлежниот јавен обвинител му предложи на Основниот кривичен суд Скопје да определи мерка на претпазливост за првиот обвинет – привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница. Освен ова, особено имајќи ги предвид меѓународните обврски кои произлегуваат од Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство, но и влијанието и последиците од постапките на двајцата обвинети врз јавниот морал и интерес, за двајцата обвинети предложена е мерка – забрана за преземање определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело кое им се става на товар, односно забрана за каков било јавен настап со кој се промовира ширење расистички и ксенофобичен материјал​.

Можеби ќе ве интересира

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

„ВО РСМ ПОЛИТИЧКАТА КЛАСА ИМА СТРАВ ОД „БУГАРИН“ И „БУГАРСКИ“: Радев гневен на македонските политичари

„ВО РСМ ПОЛИТИЧКАТА КЛАСА ИМА СТРАВ ОД „БУГАРИН“ И „БУГАРСКИ“: Радев гневен на македонските политичари

Мицкоски ја пријави имотната состојба: Куќа од 440.000, швајцарски часовници од 52.000 евра

Мицкоски ја пријави имотната состојба: Куќа од 440.000, швајцарски часовници од 52.000 евра

ЗАТРУПАН РЕГИОНАЛЕН ПАТ, ОШТЕТЕНИ АПАРАТИ ВО ДОМОВИТЕ: бројни штети во Свети Николе и Неготино, екипите веднаш реагираа

ЗАТРУПАН РЕГИОНАЛЕН ПАТ, ОШТЕТЕНИ АПАРАТИ ВО ДОМОВИТЕ: бројни штети во Свети Николе и Неготино, екипите веднаш реагираа

ФАКТОР ДОЗНАВА ЗОШТО НЕ ФУНКЦИОНИРА ЕДИНСТВЕНИОТ АКВА ПАРК ВО СКОПЈЕ: Не е профитабилен и има многу нелогичности кои не го оправдуваат неговото постоење

ФАКТОР ДОЗНАВА ЗОШТО НЕ ФУНКЦИОНИРА ЕДИНСТВЕНИОТ АКВА ПАРК ВО СКОПЈЕ: Не е профитабилен и има многу нелогичности кои не го оправдуваат неговото постоење

ЗМИИТЕ СЕ РАЗДВИЖИЈА ВО ПРИРОДА: Граѓаните со репеленти се штитат од „несаканите гости“

ЗМИИТЕ СЕ РАЗДВИЖИЈА ВО ПРИРОДА: Граѓаните со репеленти се штитат од „несаканите гости“