Обвинителката Фетаи за Фактор: Немам симптоми, останувам дома, судењата се одложени
Објавено во: Македонија 06 Јули, 2020 12:44
Обвинителката Фатиме Фетаи, која беше дел од поранешното специјално обвинителство во следните 14 дена ќе биде во самоизолација откако нејзиниот колега обвинителот Гаврил Бубевски бил позитивен на коронавирусот. Оваа ситуација го одложи утрешното рочиште за случајот Монструм односно убиството кај Смилковско езеро. Фетаи нема да присуствува нити на судењето кое беше закажано за 9 јули а кое се однесува за „Насилството во Центар“. Фетаи за Фактор вели дека се чувствува добро и дека нема симптоми исто како што немал и Бубевски.
„ Со колегата работиме заедно и заедно одиме на судења каде седиме еден до друг. Секако ги почитуваме препораките, но според епидемиолошката анкета јас мора да сум дома во самоизолација, вели Фетаи за Фактор.
Последното рочиште за случајот се одржа во петокот, кога сведочеше веќе пензиониран инспектор од МВР, кој со колегата го пронашле автомобилот во кој избегаа убијците од масакрот кај Смилковско Езеро.
„Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат расправата за предметот со КОК бр. 66/17 во јавноста познат како „Монструм“, ја информираме јавноста дека заради најавено отсуство на надлежниот обвинител, расправата насрочена за 06.07.2020 година се одлага. Следната главна расправа е насрочена за 26.08.2020 година во 10:00 часот за што веќе се известени странките во постапката, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.
Предметот се води кај судијата Огнен Ставрев, за кој сè уште нема информации дали ќе оди во самоизолација.
А.Т.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




