19 Декември, 2025
0.0588

Обвинителството отвори истрага за случајот кој МВР не го објавуваше

Објавено во: Македонија 15 Октомври, 2018 12:11

Добивај вести на Viber


ОЈО Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело насилство, односно за бодење со нож на гости во кафана во Драчево, за што опозицијата го посочи МВР дека намерно не ја објавува случката во јавноста.

Вчера на прес конференција Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ, го обвини МВР дека оваа информација со јавноста е споделена неколку дена по случката кога во кафе бар во Драчево од страна на лице блиско до власта се избодени со нож две лица, од кои едното се бори за живот.

ОЈО - Скопје до судија на претходна постапка достави Предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени, но од судијата предлогот не беше прифатен и со решение на едното осомничено лице му беше изречена мерка куќен притвор, а на другото мерки на претпазливост. Против овие решенија ОЈО поднесе жалби до Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 Скопје, а одлуките по тие жалби се уште не се пристигнати во Обвинителството“, велат од ОЈО

„Откако критичната вечер осомничените дошле како гости во локалот, најпрвин започнале вербална расправија со оштетените, која потоа прераснала во тепачка. Еден од осомничените со остар предмет им нанел тешки телесни повреди во вид на убодни рани на двајцата оштетени.Законското битие на наведеното кривично дело упатува на тоа дека сторителите друг малтретираат, грубо навредуваат и му ја загрозуваат сигурноста или врз него вршат грубо насилство, а со тоа во јавноста предизвикуваат чувство на несигурност, загрозување или страв. За ова кривично дело извршено во група од две или повеќе лица или кога станува збор за насилство извршено врз повеќе граѓани, а квалификаторен елемент е и доколку како последица е нанесена тешка телесна повреда или смрт на некое лице, е предвидена затворска казна од три до десет години“ се наведува во соопштението на ОЈО.

Во текот на истрагата ќе бидат испитани осомничените, оштетените, како и повеќе сведоци. Исто така, во текот на истрагата ќе се прибави и судско-медицинско вештачење за видот и карактерот на повредите кај оштетените.



Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината