16 Декември, 2025
0.0470

Обвинителството поднесе обвинение против тројцата осомничени за убиството на Toт

Објавено во: Македонија 21 Јули, 2022 16:35

Добивај вести на Viber

Покренато е обвинение за убиството на ракометарот Денис Тот кое се случи на 7 април. 

Обвинителството поднесе обвинение против тројцата осомничени за убиството на хрватскиот ракометар, Денис Тот кој беше претепан до смрт пред дискотеката „Привилиџ“ во Скопје.

„По кратка расправија, сите тројца му нанеле повеќе удари и тешки телесни повреди од кои кај оштетениот најпрвин настанала коматозна состојба, а следниот ден починал“, констатирало обвинителството.

Осомничените се товарат за кривично дело, убиство од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик, според кое „Тој што друг ќе лиши од живот, ќе се казни со затвор најмалку пет години“.

Инаку, делото можеше да се преквалификува во „убиство на свиреп или подмолен начин“, за што е предвидена казна затвор од најмалку десет години, или, пак, за делото нанесување „тешка телесна повреда со смртни последици“. Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на мерката притвор за тројцата обвинети. 

Можеби ќе ве интересира

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“