ОБВИНУВАЊЕ: САД тврдат дека Кина со причина го криела вирусот
Објавено во: Свет, Корона Вирус 04 Мај, 2020
Уште едно обвинување е упатено на адреса на Кина.
Кинеската влада намерно ја прикривала сериозноста на коронавирусот од меѓународната заедница додека складирала увезена стока и го намалувала извозот, се вели во извештајот на американскиот Уред за национална безбедност, според официјален претставник на администрацијата запознаен со извештајот, пренесе Си-ен-ен.
Извештајот се појавил во петокот и циркулирал во американската влада.
Американскиот државен секретар Мајк Помпео вчера рече дека Кина се трудела да сокрие колку вирусот се проширил што вклучува и криење на тоа во колку количини акумулирале медицински залихи.
Помпео вели дека претседателот Доналд Трамп бил прилично јасен, дека Соединетите Американски Држави ќе утврдат кој е виновен и ќе ги повика виновниците на одговорност.Пред извесен период имаше обвинувања дека Кина го криела бројот на жртви и дека тој бил поголем од официјалниот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.