ОЧЕКУВААТ ПОБЕДА: Максим Димитриевски влегува во трка за претседател
Објавено во: Македонија 22 Февруари, 2024
Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски влегува во трка за претседател.
Тој ќе биде кандидат на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија. Информацијата денеска ја соопшти партискиот портпарол Никола Мемов. Од утре почнува постапката за собирање потписи.
„Очекуваме победа. Нашата анализа покажува дека Димитриевски ќе влезе во вториот круг, за потоа да имаме и конечна победа. Ги повикуваме граѓаните да ја поддржат кандидатурата на Димитриевски во општинските канцеларии на ДИК“, нагласи Мемов.
По завршената внатрепартиска постапка Извршниот одбор на движењото ЗНАМ – За наша Македонија донесе одлука да му предложи на првиот конгрес кандидат за претседател на Македонија од редовите на ЗНАМ да биде Димитриевски.
„На Македонија ѝ е потребен татко на нацијата, чувар на идентитетот и заштитник на историјата. На Македонија ѝ е потребна предвидливост, надеж, стабилност, сигурност, правда, иднина. На Македонија ѝ е потребен претседател којшто ќе го даде максимумот за неа. На Македонија ѝ е потребен Максим Димитриевски“, додаде Мемов.
Вели дека граѓаните првпат ќе имаат можност да гласаат за одредена опција, а не како досега, да гласаат против.Во трка за претседател се и Свето Пендаровски, Гордана Силјановска Давкова, Билјана Ванковска, Стевче Јакимовски, Бујар Османи, Арбен Таравари и Вело Марковски.
фото Фејсбук/Максим Димитриевски
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.