19 Декември, 2025
0.0990

ОД ДЕНЕСКА НА ДОМАШНО ЛЕКУВАЊЕ ОДАТ 16 ПАЦИЕНТИ – ТАРАВАРИ СООПШТИ ДОБРА ВЕСТ: Се подготвува враќање на осуммина кои се лекуваат во странство

Објавено во: Македонија 24 Март, 2025 10:37

Добивај вести на Viber

Министерот за здравство, Арбен Таравари по денешниот состанок на Кризниот штаб соопшти дека 46 пациенти се лекуваат во скопските болници од кои 30 се хоспитализирани во клиниките „Мајка Тереза“, 10 има во ГОБ „8-ми Септември“, и шест се во старата градска болница – Универзитетска болница за хируршки болести.

Таравари посебно нагласи дека добрата вест е што од денеска на домашно лекување ќе бидат пратени 16 пациенти откако ќе им бидат направени сите токсиколошки и психолошки испитувања, а најави и враќање во болниците во земјава на осуммина пациенти кои се на лекување во странство.

-Во болниците во земјите во соседството и низ Европа имаме 115 пациенти од кои четири се во покритична состојба. Вчера беа пет, денеска се 4, да се надеваме на најдобро. Колегите даваат максимум за да се подобрува нивната состојба. Сега сме во фаза на инфекции, но правиме се да не дојде до никакви компликации. Во текот на неделава треба да  се вратат осум пациенти кои ќе бидат барем ден два згрижени на клиниките, а се надевам дека за две недели во Македонија ќе се вратат барем половина од хоспитализираните во странство, истакна Таравари на денешната прес-конференција.


Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината