Од денеска само со нови возачки дозволи и регистарски таблички
Објавено во: Македонија 01 Јануари, 2025
Од денеска возачките дозволи со старото име на државата, согласно Преспанскиот договор, престануваат да важат. Покрај тоа, Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека изминат е крајниот рок за замена на регистарските таблички со нови кои имаат ознака НМК или на истите да залепат налепница НМК
Граѓаните кои ќе бидат затекнати со стара возачка ќе бидат санкционирани со парична казна од 100 евра.
Инаку досега се издадени повеќе од 800 илјади возачки со новото уставно име на државата.
Покрај личните документи и возачките дозволи, македонските граѓани имаа обврска да ги сменат и регистарски таблички со ознака НМК.