Од ДУИ демантираат дека веќе имаат договорено влада
Објавено во: Македонија 24 Јануари, 2017 08:46
Демократската унија за интеграција на Али Ахмети ги демантира информациите кои се појавија вчера во медиумите дека неговата партија постигнала принципиелна согласност со ВМРО-ДПМНЕ за составување на нова влада.
„Ниту една неофицијална излезена информација која беше распространета по медумите не е точна. Нашиот лидер Али Ахмети изјави дека договорот ќе биде транспарентен и општеството ќе биде информирано за него”- велат од ДУИ.
Од ДУИ велат дека нивната цел е да се стави крај на политичката криза во земјата преку формирање на новата влада.
ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ начелно ги усогласиле ставовите околу двојазичноста, објави вчера „Телма“, повикувајќи се на извори од преговарачките тимови. Телевизијата наведе дека двете партии решиле Уставот да не се менува, а прашањето да се уреди преку измени на Законот за употреба на јазиците. Според нив, во Собранието ќе се формирале работни групи кои ќе работат на сите отворени прашања.
Можеби ќе ве интересира
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




