Од ЕЛЕМ и ВМРО-ДПМНЕ ги отфрлаат обвинувањата на Ковачевски, велат тендерот е според прописите и законите
Објавено во: Македонија 07 Април, 2017
Новиот тендер за избор на фирма за ископ на јаглен и јаловина во РЕК „Битола“ е според прописите и законите, одговараат од ЕЛЕМ и од ВМРО-ДПМНЕ по обвинувањата на пратеникот Васко Ковачевски од СДСМ.
Ковачевски обвини дека тендерот со фирмата „Марковски компани“ е склучен без претходно да биде објавен оглас.
„АД Електрани на Македонија најодговорно тврди дека сите постапки кои се спроведени се транспарентни и во согласност со законите. Во конкретниот случај, тендерската постапка за избор на фирма за ископ на јаглен и јаловина во РЕК „Битола“ е спроведена по итна постапка откако за тоа е добиено одобрение од Советот за Јавни Набавки, што јасно говори дека се почитувани сите законски регулативи“- стои во реакцијата на ЕЛЕМ.
Компанијата порачува дека на јавен увид ќе ја стави целата документација поврзана со постапката за избор на најповолен понудувач и очекува јавно извинување од Ковачевски.
ВМРО-ДПМНЕ пак обвини дека нема да успее обидот на Ковачевски „со пласирање клевети да ги прикрие криминалите на Зоран Заев и злосторничкото здружение околу него“.
„Ниту Сашо Мијалков, ниту ВМРО-ДПМНЕ имаат каква било поврзаност со договорот на РЕК Битола или со фирмата која што го добила тендерот. Со пласирање на ваквите лаги Васко Ковачевски нема да му помогне на Зоран Заев да го протурка на мала врата распродавањето на највисоките државни и национални интереси“ - велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Тие додаваат дека на Зоран Заев народот му застанал на патот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.