Од ЈАТ треба доброволно да „одлетаат“ 300 до 500 вработени
Објавено во: Балкан 14 Август, 2013
Во ЈАТ Ервејс се проценува дека од 1250 вработени дури 300 до 500 се вишок. Поради тоа започна доброволното пријавување на вработените за заминување од компанијата.
Владата на Република Србија ќе ја финансира социјалната програма на компанијата и секој вработен кој доброволно ќе го напушти ЈАТ Ервејс, ќе добие опремнина во висина од 300 евра за секоја година од работниот стаж.
Синдикатот бараше од 450 до 500 евра по година работен стаж, но ќе добие 300.