Oд која локација во Скопје се вршело прислушкувањето?
Објавено во: Македонија 18 Јуни, 2019
Се прислушкувало и од локација кај Гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Скопје.
По насоки на началникот Горан Грујевски, во поранешниот aероклуб спроти гимназијата „во центарот на градот бил инсталиран систем за прислушување, поврзан со „најс“ системот во Петтата управа на МВР. Ова го кажа во сведочењето во „Тврдина-Таргет“ новиот сведок, инженер во УБК, Сашо Трајковски.
Покрај овие локации, тој рече дека и во просторија кај базенот во Аеродром биле инсталирани комјутери кои наводно служеле само за маркирање.
„Имаше и план наводно да се пристспува до системот за следење и од објект во Пештани, некогашната полициска станица, но не знам дали тоа се реализирало“– кажа сведокот.
Во Кривичниот суд продолжи рочиштето за предметот „Таргет-Тврдина“ на СЈО со сослушување на Трајковски. Тој изјави дека во УБК се прислушувало незаконски и дека само еднаш видел судски налог. Според него и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски имале компјутери кои биле поврзани со еден од системите за прислушување „најс“.
„Постоеше група на корисници која се викаше „ВАЖНО“ каде имаше тројца корисници. Можевме да видиме дека се пристапува од канцелариите на директорот на УБК и началникот на Петтата управа“, вели Трајковски.
Преку три системи за следење на комуникациите во УБК, според обвинението во периодот од 2008 до 2015 година незаконски се следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не се издадени судски наредби.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.