05 Декември, 2025
0.0467

ОД ЛИДЛ ДО КОКА-КОЛА: Кој најдобро ќе заработи за Божиќ?

Објавено во: Финансии 18 Декември, 2024 07:30

Добивај вести на Viber

Божиќните реклами одамна се составен дел од англосаксонската празнична култура. Многумина сè уште се сеќаваат дека плачеа поради старите верзии на Џон Луис и со нетрпение го чекаа пристигнувањето на камионот Кока-Кола на екраните секоја година.

Рекламите за празници стануваат подобри, поскапи (се проценува дека само во Велика Британија се потрошени 10,5 милијарди фунти за овој тип празнични кампањи) и се побројни од кога било досега, а ова се некои од омилените кои дефинитивно ќе им дадат поврат на компаниите на нивната инвестиција:

Алди

Во вистински дух на Алди, „суперпродавницата“ ја објави својата божиќна верзија во која се појавува саканиот Кевин Карот. Рекламата, создадена од агенцијата McCann, се фокусира на тајната мисија на Кевин и Кејт да го вратат украдениот дух на Божиќ.

Амазон

Амазон реши да ни ги привлече нашите срца оваа година со празнична реклама за училишен чувар – талентирана пејачка.

Креативниот тим на Амазон, во партнерство со продукциската куќа Hungry Man, а во режија на наградуваниот режисер Вејн Меклами, ја смисли рекламата во која чувар ја пее класиката од 1965 година „What the World Needs Now Is Love“ со помош на неговите колеги кои ја користат апликацијата Амазон за да му пеат, купуваат смокинг и му помагаат да ги оствари своите соништа.

Епл

Рекламата на технолошкиот гигант Apple за таткото кој има проблеми со слухот и кој со помош на слушалките AirPods Pro2 (цена од околу 250 долари) ја слуша својата ќерка како првпат пее и свири на гитара, многумина ги расплака.

Барбур

Shawn the Sheep се здружи со модниот бренд Barbour во симпатична реклама за хор од замрзнати овци на кои овчарското куче Бичер им носи стари шалови и капи (барбур, се разбира) кои магично ги загреваат и ја оживуваат нивната божиќна музика.

Boots

Синџирот парфеми Boots ја ангажираше актерката од Бриџертон, Ајо Андо да глуми женски Дедо Мраз за да пренесе порака за зајакнување на жените преку комбинација на своите производи и популарната култура.

Кока-Кола

Оваа година, Coca-Cola (која троши четири милијарди долари годишно за рекламирање) создаде верзија генерирана со вештачка интелигенција на својата класична (и една од најдобрите реклами на сите времиња) „The Holidays Are Coming“ за да ја усогласи со сегашното време.

Лидл

Лидл ја прослави радоста на дарувањето со својата едноминутна реклама.

Мекдоналдс

Реално, кога ќе падне ноќта, нема ништо подобро од божиќните светла и златните сводови на Биг Мек, кои рекламните магии на Мекдоналдс ги знаат и максимално ги користат.

Пепси

Пепси се фокусираше на балансот помеѓу работата и животот овој Божиќ. Сè може да почека - Божиќ е тука.

Старбакс

Најдете момент за себе во празничното лудило. Со непристојно скапо кафе.

Теско

Минатата година Теско во реклама ги претвори луѓето во дрвја и снежни луѓе, „доловувајќи“ го божиќниот дух. Овој пат, божиќниот дух не преобразува луѓе, туку неживи предмети, што започнува откако едно момче ќе добие кутија со джинджифилово од својот дедо.

Волмарт

Синџирот продавници Walmart ги воодушеви обожавателите на „Gilmore Girls“ со реклама која многумина потсети на нивните омилени клипови од серијата.

ИКЕА

Икеа е со Хеј Хеј! Рекламата ја прослави радоста на заедничките моменти со мала помош од кучиња и ги покани клиентите да испратат фотографии од нивните миленици кои уживаат во мебелот на Икеа.

Бонитет

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката