Од локално до европско – Лидл отвора нови можности за македонското земјоделство
Објавено во: Мои пари 28 Јуни, 2025 12:03
„Потрошувачите денес имаат поголеми барања, а ние во Лидл секогаш се трудиме да ги исполниме нивните критериуми за побезбедна, поздрава и поквалитетна храна. Преку соработката со Лидл и македонските компании добиваат можности за сертификација на своите производи со Global GAP и GRASP сертификатите, а со тоа и да ги пласираат своите производи подобро на европските пазари“ изјави Милена Драгијска-Денчева, извршен претставник на Лидл на денешниот настан организиран за развој, извоз и сертификација на локалното производство на овошје и зеленчук, што се одржа во Скопје.

Иако Лидл сè уште не ги отворил своите маркети во Северна Македонија, влијанието врз локалната економија е веќе мерливо. Само во 2024 година, повеќе од 5.500 палети сертифицирано македонско овошје и зеленчук беа извезени преку европската мрежа на Лидл. Овој извонреден резултат докажува дека македонските производители имаат капацитет да ги исполнат строгите меѓународни стандарди како Global GAP и GRASP.
Лидл Северна Македонија, во соработка со Стопанската комора на Северна Македонија, Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ), Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ) и „Макфреш“, организираа конференција за подигнување на стандардите на земјоделството преку сертификацијата со Global GAP и GRASP. Стандардите беа презентирани од страна на експертите во областа Васил Трпевски и Зорица Смилевска, а беа присутни претставници на релевантни институции како проф. д-р Сузана Јордановска, директорка на Државната фитосанитарна лабораторија (ДФЛ), повеќе од 100 компании и претставници од земјоделскиот сектор, со што се создаде значајна платформа за промоција на безбедноста на храната, подготвеноста за извоз и одржливите земјоделски практики.

Јан-Аксел Фос, заменик-амбасадор на Амбасадата на Сојузна Република Германија во Скопје, изјави дека „германската влада со децении наназад, го поддржува македонскиот земјоделско-прехранбен сектор во усогласување со Заедничката земјоделска политика на ЕУ, барањата за безбедност и квалитет на производите, како и воспоставување на пазарни врски. Веруваме дека овој сектор игра важна улога во економскиот развој на земјата, a со отворањето на ЛИДЛ, што ќе биде најголемата германска инвестиција во секторот, македонските производители добиваат директна и конкретна бизнис можност за проширување кон европскиот пазар“.


Михал Харари, заменик-шеф на мисијата во Амбасадата на Швајцарија во Северна Македонија, истакна дека„преку швајцарската програма ИМЕ, воспоставивме успешни модели и примери на локални компании кои ги подобрија своите производи, стекнаа сертификати барани од различни извозни пазари и успеаја да се интегрираат во глобалните синџири на снабдување. Партнерството со Лидл нè носи чекор понатаму, обезбедувајќи можности за повеќе компании да пристапат до синџирот и пазарите на Лидл, а со тоа да достигнат поголем обем и раст.“
Соработката на Лидл, ИМЕ и ГИЗ е изразена преку проектот
„Подготвени за снабдување“
(„Fit for Supply“), со кој Лидл ќе овозможи поддршка на земјоделските
производи, ИМЕ ќе кофинансира до 50% од трошоците за сертификација, а ГИЗ ќе
обезбеди консултантска експертиза. Со стратешки инвестиции, меѓународна
соработка и јасна посветеност кон конкретни резултати, Лидл докажува дека
македонските производи припаѓаат не само на локалните полици - туку и на
европските трпези.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





