ОД МОЈА СТРАНА НЕМАШЕ ЗАКАНИ, ДИРЕКТОРИТЕ СЕ ПЛАШАТ ЗА СВОИТЕ ФОТЕЉИ - синдикалецот Тасевски со став по вчерашните случувања
Објавено во: Македонија 04 Јануари, 2024
Александар Тасевски, претседател на синдикатот на контролори на летање, објави дека вчера навистина бил повикан во МВР, каде, како што објасни, му била презентирана пријава од страна на двајца од тројцата директори кои поднеле кривична пријава против него и се пожалиле дека им се заканувал.
„Најодговорно тврдам дека соджината на тој мејл ниту има нешто што асоцира на закани. Оценувам дека тенденциозно и намерно тоа се интерпретира така, за тие информации да се искористат против мене како вид на притисок, со намера да се откажеме од нашите активности. А преку мене и до Синдикатот на контролорите на летање, а со самото тоа и до сите професионалци кои во изминатиот период покажаа доблест и се дрзнаа да го кренат својот глас и да покажат дека навистина се подготвени да застанат во одбрана на својата професија и да кажат стоп на клиентелизмот и на непотребните и нестручни вработувања“, рече Тасевски.
Според него, последните чекори преземени од страна на инженерите и техничарите кои си дадоа оставки од своите позиции и функции, дефинитвно кај директорите покажале одреден страв, но тој страв, како што рече, не е по нивните животи туку е страв кој се однесува на нивните директорски фотељи.
„Тоа само дополнително им покажува дека ние сме на вистинската патека. И ова што се случи вчера дефинитивно нема да не заплаши“, вели тој.
Тасевски, кажа дека не се плаши од кривичните пријави против него од директорите на М-НАВ.
Според него, од денеска ќе има депонирање на оставки од контролорите на летање, помошниците контролори на летање, лица на раководни функции, оставки од проекти. На вакви позиции се 20 до 30 луѓе, за кои се очекува да дадат оставки.
Кажа дека претходно оставки дале техничарите, а во иднина истиот чекор се очекува и од останатите вработени. Причините се вработувањата, кои според Синдикатот се наместени за кадри кои не се соодветни за тие функции.
„Огласот е контроверзен по многу основи. Конкурсот за вработување ќе се спори со многу аргументи. Ќе се спорат претходни вработувања на директори во М-НАВ. Кандидатите немаат ниту рок на жалба“, посочува Тасевски.
Фото: Принтскрин
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.