ОД ОБИЧНА РАБОТИЛНИЦА, ДО УСПЕШЕН БИЗНИС: Ништо не доаѓа преку ноќ, посебно не успехот!
Објавено во: Финансии 06 Март, 2017 11:07
Како и повеќето млади луѓе и Билјана Јовановиќ сакала да го гради, обликува и менува светот . Студирала и живеела како повеќето нејзини врсници. Имала мајка која се занимавала со шиење и токму тој пример во домот бил пресуден во неа засекогаш да се вовлече страста кон таа работа. Оптимизмот бил заразен и од мајката поминал на ќерката.
„Сакав да ја поддржам, да бидам со неа во тоа што ја прави толку среќна. Ние две сакавме да креираме модели за жени, да им ја вратиме женственоста на жените и тоа беше идеја со која тргнавме. Пред повеќе од две децении поимот претприемништво не бил толку познат и популарен и ретки се тие кои се одважија да почнат самостојно некоја работа. Заедништвото на нашето семејство, доверба и посветеност се во коренот на приказната за „Луна“, која од мала занаетчиска работилница прераснала во лидер во текстилната индустрија на Србија“, се присетува Билјана на своите почетоци и мотиви кои тргнале во приватен бизнис.
Својот развоен пат модната куќа „Луна“ го почнала како работилница а во 1990 година во Пожаревац ја регистрирала и фирмата. Почетниот капитал не бил пресуден бидејќи се вложувало постепено.

Секој, па и нејзиниот, развоен пат, бил поплочен и со успеси и со проблеми. Билјана смета дека проблеми секогаш има, но се зависи од тоа како човек ги прифати.
Билјана вели дека принципите по кои се раководи во бизнисот е служба на квалитет, негово одржување и унапредување како и удобност на гардеробата. Потребно е да се задоволи и естетската форма, ги следи модните трендови, и вели дека треба да им се остане верен на своите купувачи.
„За успех е потребно многу, но никогаш не смее да се напушти основниот принцип-почит на клиенти. Не смеете да го изневерите тоа нешто. Морате секогаш да му понудите квалитет кој го очекува“, вели таа.
Предизвиците со кои денес се соочува се општи и лични, но се всушност пазарни движења и состојба на економијата.
„Со повеќе од 180 вработени и со еднаков тим на надворешни соработници, производен простор од преку 3000 метри квадратни, сопствен ланец на малопродажни објекти, развиена франшиза, присуство во земјите на регионот и ЕУ и извозна половина од производството,главен предизвик се сите тие резултати да се одржат и при тоа да се биде успешен и да се развивате и понатаму“, оценила таа.
На оние кои денес размислуваат да покренат свој бизнис,Билјана им порачува да се слушаат себе, упорно да ги следат своите соништа но и да бидат подготвени на ризик. Бидејќи се додека цврсто веруваат во себе и својата идеја, сите тешкотии, сите проблеми на кои наидуваат може да се надминат и решат.
„Ништо не доаѓа преку ноќ, посебно не успехот. Не е лесно, и кој влегува во приватен бизнис мора да биде свесен за тоа“, заклучува таа.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





