Од понеделник дожд и снег во Македонија
Објавено во: Македонија 02 Февруари, 2017
Врнежи од дожд ќе имаме од понеделник.
Тие ќе бидат пообилни во западниот дел на Македонија, информираа попладнево од Управата за хидрометеоролошки работи.
Кон крајот на денот како резултат на спуштањето на постуден воздух од север врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките места и на планините.
Поради релативно високите температури и врнежите од дожд што се очекуваат ќе има интензивно топење на снежната покривка, а со тоа и водостојот во реките и езерата се очекува да се зголеми.
Претстојните два дена следува променливо облачно време со сончеви периоди,со појава на
магла по котлините, а ќе има повремен слаб локален дожд во западните делови.