„ОД ПРВИ ЈАНУАРИ, ПРЕМИНУВАМЕ НА ЕВРО“: Наскоро и официјално почнува транзицијата на Бугарија кон единствената европска валута
Објавено во: Економија, Балкан 11 Ноември, 2025 08:38
Бугарските банки вчера потврдија дека сите банкомати во земјата ќе издаваат евра од 1 јануари 2026 година, со што официјално ќе започне транзицијата на земјата кон единствената европска валута.
Член на Управниот одбор на Здружението на бугарски банки, Никола Бакалов, изјави дека граѓаните ќе можат да подигаат евра директно од банкоматите од првото утро од следната година, објавува Новините.
Тој ја потсети јавноста дека граѓаните кои имаат големи количини бугарски лева во готово можат да ги депонираат на своите сметки.
Депозитите автоматски ќе се конвертираат во евра по официјалниот курс од 1,95583 лева за евро, на полноќ помеѓу 31 декември и 1 јануари.
Овој пристап им овозможува на граѓаните да ги менуваат своите лева за евра без напор и бесплатно.
Консверзијата ќе биде бесплатна по 1 јануари и по истиот фиксен курс, но граѓаните не треба да чекаат до последен момент поради гужвите, истакна Бакалов.
До крајот на годината, нагласи тој, бугарскиот лев ќе остане официјална валута во Бугарија, а сите трансакции и плаќања можат безбедно да се вршат во лева.
Со усвојувањето на еврото од почетокот на следната година, Бугарија ќе постигне поголем просперитет и безбедност и ќе ја зајакне својата улога во Европската Унија, изјави претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, во Софија минатата недела.
Елиминирањето на трошоците за конверзија ќе им заштеди на компаниите околу една милијарда лева годишно, додаде таа. (Крај) ulz/bma
Б92Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) СЕ ВРАЌА НА ШИНИТЕ: МЖ Транспорт го претстави целосно обновениот „Шпанец“
Која е најнапредната економија во светот за 2025 година?
Венецуела тврди дека Трамп ја сака нејзината нафта - дали тоа навистина е целта на САД?
ТРОШАТ ПОВЕЌЕ ОД ПОРАНО: Колку заработи Албанија од туристите годинава?
Стопанска банка а.д. Битола од денес и официјално АЛТА банка АД Битола
Од 1 јули следната година ЕУ воведува царина од три евра за нарачките преку сајтовите за е-трговија
Мицкоски ги потврди гласините: На 15 декември се затвора трезорот
Нема веќе одење во Царинската управа по потврди за царински долг, Централниот регистар со еден клик ги гледа електронски
Над 40 авто-школи под надзор на Комисијата за заштита на конкуренцијата поради сомнежи за усогласено однесување




