Од Србија на косовскиот пазар била внесена стока во износ од 800 милиони евра
Објавено во: Балкан 04 Август, 2013
Mинатата година на косовскиот пазар била внесена стока од Србија во висина од над 800 милиони евра оценуваат eкономските експерти од Косово . Нaјаголемиот дел од истата била внесена нелегално.
Претседателот на Стопанската комора на Косово Сафет Гералџиу за Гласот на Америка, програма на албански јазик изјави дека овие податоците говорат дека има потреба од институционализирање на трговската размена и бизнис меѓу двете држави.
Во оваа насока треба да се гледа и Спогодбата за разбирање што деновиве Косовската комора ја потпиша со Стоанската комора на Србија.
Гералџиу додава дека според Спогодбата ќе започне и соработката на царините, даночната администрација, ветеринарните служби и други институции на Косово и Србија сè со цел да се воспостави целосно институционализирање на трговската размена и пласманот на стоки.
„После би било добро да следи и подготовка на заеднички проекти за средства од Европските фондови, а сето тоа ќе ги намали и постојните тензии меѓу Косово и Србија", истакнува Гералџиу.