Од среда укинување на полицискиот час? (ДОПОЛНЕТО)
Објавено во: Македонија 17 Мај, 2021 09:03
Во Македонија оваа недела се очекува укинување на полицискиот час и ублажување на другите мерки, како резултат на намалувањето на бројот на инфекции од КОВИД-19, најавуваат владини извори.
Како што се дознава, полицискиот час ќе биде отстранет бидејќи има дополнително намалување на бројот на позитивни случаи, бидејќи од извршените тестови заразени се само 3 проценти.
Други мерки исто така се очекува да го продолжат работното време на угостителите, додека олеснувања се очекуваат и во други области, каде што се применуваат ограничувања.
За да се проценат мерките за справување со пандемијата, денес се очекува да се одржи состанокот на кризниот штаб на Комисијата за заразни болести, додека Владата во вторник се очекува да донесе нови одлуки кои ќе стапат на сила од среда, 19 мај.
Според актуелните одлуки, полицискиот час е во сила од 00 - 04,00 часот, работното време на рестораните и кафулињата е до 23:00 часот,а има отворање и на спортските сали, фитнес центрите и други установи.
ДОПОЛНУВАЊЕ
Во текот на денот Комисијата за заразни болести одлучи и во наредните две недели да остане на сила полицискиот час кој почнува од полноќ и трае до 4 часот изутрина.
Владата ги прифати препораките.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




