17 Декември, 2025
0.0486

Oд ССМ за шест месеци правна помош побарале 2.293 работници

Објавено во: Економија 20 Август, 2013 14:09

Добивај вести на Viber

Од Сојузот на синдикатите на Македонија  во првата половина од годинaва, заштита на правата од работен однос побарале 2.293 работници. Од барањата, најголем дел се однесуваат на неисплатени плати и откази од деловни причини, информираше денеска на прес-конференција претседателот на ССМ Живко Митревски. Од 10 регионални синдикални претставништва и од синдикалните канцеларии во Македонија од каде што се преземаат активностите за заштита на работничките права од овластени правни застапници, најголем број обраќања се за Синдикатот на работниците за угостителство, туризам, комунално станбено стопанство, занаетчиство(СУТКОЗ) со 862, потоа синдикатот на АГРО со 793, СИЕР 598, СГИП 215… - Една од нашите активности што ги насочуваме и фокусираме е решавање правни случаи по пат на спогодби од кои имавме 55 случаи, за 1.069 обраќања дадени се стручни совети, изготвени се 515 барања и 151 приговор до надлежни органи во претпријатијата или други институции во државата, а изготвени се и 24 обраќања до Државниот инспекторат за труд, изјави Митревски. Додаде дека за случаите каде не е постигната согласност се водат судски постапки, за кој поднесени се 82 тужбени барања, водени се 335 расправи, а добиени се 316 пресуди. - Досега најголем број обраќања се по основ на неисплатени плати (526), 227 за надомест за храна, 221 за надомест за превоз, 553 за неуплатени придонеси за ПИО, 554 за отказ од деловни причини, 217 за неуплатени придонеси за здравствено осигурување, рече Митревски. Нагласи дека со бесплатната правна заштита што ССМ ја дава за своето членство, ССМ остварил заштеда за работниците од 120.000 евра во првите шест месеци во 2013 година. - Во насока на подобрување на правната заштита во наредниот период ССМ ќе се залага за формирање посебни судови за работни спорови, намалување на судските такси, профункционирање на Законот за заштита од вознемирување на работното место, имплементирање на Законот за мирно решавање на работните спорови,…рече Митревски. На новинарско прашање за ставот на ССМ за иницијативата за промена на временската зона во Македонија, Митревски кажа дека тие минатата година предложиле поинаков предлог за регулација на работното време и ваквата активност ја разгледале и на економско-социјалниот совет. Тие подржуваат секаков пристап кој ќе оди во поинакво уредување на работното време со оглед на временската зона, климатските промени и дека дадени се конкретни предлози и мерки во однос на топлотниот бран кој ја зафаќа Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?