Од утре нема квоти за лекови во сите аптеки
Објавено во: Македонија 30 Септември, 2019 11:27
Од утре се укинуваат квотите за земање лекови од аптека. Директорот на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев вели дека од оваа мерка бенефит ќе имаат сите граѓани, лекари и медицински работници, нема да се создаваат гужви, а граѓаните ќе немаат потреба да трупаат залихи на лекови дома. Дополнително при секое подигање на лек, граѓаните ќе треба да се легитимираат со лична карта.
„Граѓаните ќе може да добијат лек од која било аптека во кое било време без разлика дали е почеток или крај на месец. Се елиминираат редовни турканици во првите денови од месецот заради препишување на рецепти. Легитимирањето сепак не значи дека постарите лица кои не моат да дојдат до апетка и помладите до 18 години ќе останат без лековите. Во нивно име ќе ги подигнат нивни блиски, рече Дончев.
Премиерот Зоран Заев рече дека државата е ликвидна и може да го дозволи ова, но и дека се вади психолошката бариера да се трупаат лекови дома.
„Ќе има и поголема контрола, сепак. Сепак се вади некоја тешкотија граѓаните да земаат лекови. Достапноста на лековите до граѓаните е многу значајана работа. Тоа е приоритет за нас и за граѓаните, рече Заев.
Вели дека ефектот за буџетот ќе биде од 200 до 300 милиони денари, но тврди дека буџетот е во одлична состојба.
Двајцата не обелоденија детали за тоа како се вршеле досега злоупотребите. Фактор пишуваше веќе која е шемата.
Заев вели дека се фокусираат на капитални проекти во здравството и на зголемување на платите на медицинските работници, а нето платата на специјалистите да стаса до 100.000 денари нето приход.
Можеби ќе ве интересира
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти




