17 Декември, 2025
0.5944

Од вторник ќе се донесе одлука просториите во Тетово да се вратат повторно во служба на Средното медицинско училиште

Објавено во: Македонија 26 Август, 2022 21:48

Добивај вести на Viber

Првиот потпретседател на Владата, Артан Груби денес реагираше на полемиките за давањето на стариот објект на Средното медицинско училиште во Тетово на користење на Агенцијата за катастар на недвижности, нагласувајќи дека одлуката за тоа е донесена од страна на Владата без никаква негативна тенденција.

Груби појасни дека ваквата одлука првично била усвоена во 2021 година на барање на Агенцијата во времето кога градоначалник на општината била Теута Арифи и дека истата година на барање на општината овие простори биле вратени на располагање на училиштето. Тој појасни дека Агенцијата за катастар на недвижности и годинава го повторила истото барање со образложение дека има неискористени простории и Владата, исто како и во 2021 година, повторно ја усвоила одлуката без никаква негативна тенденција.

Првиот потпретседател на Владата, Артан Груби истакна дека за Владата одлучувачки е гласот и волјата на тетовчани, затоа од вторник ќе се донесе одлука овие простории да се вратат повторно во служба на Средното медицинско училиште во Тетово.

„Без никаква намерна тенденција, исто како и во 2021 година, Владата ја усвои одлуката тие простории да преминат на користење на наведената агенција за да им служат на граѓаните на Тетово. Но, наоѓајќи се секогаш во служба на потребите на граѓаните, потенцирам дека барањето на родителите и учениците за потребата од користење на тие простории е апсолутен приоритет за мене и за Владата, затоа и без никакво двоумење веќе од вторник, Владата ќе го врати на нивно располагање стариот објект на Средното медицинско училиште во Тетово, исто како што направивме и пред една година. Ние им служиме на нашите граѓани без никаква резерва и немаме заробен ум  или злобна душа да им се одмаздиме на граѓаните или институциите, тоа го докажавме во изминатите 21 година и тоа никогаш нема да се промени“, наведува Груби. 

Во тие простории настава изведуваа учениците од македонските паралелки во Гимназијата. 

Можеби ќе ве интересира

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето

Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра

Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра