Од „За заедничка Македонија“ ги повикаа Албанците да им се приклучат
Објавено во: Македонија 03 Март, 2017 17:54
На петиот ден од собирите на иницијативата „За заедничка Македонија“ е испратен повик и до Албанците да им се приклучат во како што велат одбрана на Македонија и да ги надминат партиските определби.
- Ги повикувам нашите собраќа Албанци кои се наши македонски Албанци да ни се приклучат, заради тоа што ние со нив го делиме соживотот овде. Ни недостасувате во тоа да ја одбраниме нашата република од странски влијанија, ве покануваме да ни се придружите овде, заедно со нас. Сите заедно треба да си ги одбраниме интересите, сите заедно да направиме едно општество подобро за живот, за сите нас без исклучок, вели Елена Мисиркова од иницијативата „За заедничка Македонија“.
Исто така на собирот се испраќаат пораки против странските дипломати кои се мешаат во внатрешните работи на Република Македонија.
Можеби ќе ве интересира
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




