23 Ноември, 2024
0.1413

Одбележана 80-годишнината на Стопанска банка - темелот на домашната економија

Објавено во: Мои пари 03 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Банката со најдолга традиција во земјава, Стопанска банка АД - Скопје, го прослави 80-годишниот јубилеј со уникатен гала концерт на виртуозот на пијано, маестро Симон Трпчески, одржан во Филхармонијата. На централната прослава, со присуство на професорот Гикас Хардувелис, претседател на одборот на директори на НБГ и други извршни директори на Групацијата НБГ, а пред истакнати гости од државата, амбасадите, претставници на значајни домашни и странски финансиски институции, бизнисмени, новинари, сегашни и поранешни вработени и соработници, Банката потсети на успешната приказна што ја испишува веќе осум децении. Приказна за трајно наследство, со Стопанска банка како темел на домашната економија и симбол на стабилност, безбедност, напредок и доверба.

Специјално за оваа свечена прослава на јубилејот, маестро Симон Трпчески и неговите пријатели изведоа маестрален концерт со транскрипција на традиционалната музика од регионот, на композиторот Панде Шахов. На сцената на Филхармонијата, покрај Трпчески на пијано, беа: Хидан Мамудов на кларинет и саксофон, Владимир Крстев на виолина, Александар Сомов на виолончело и Влатко Нушев на перкусии. Специјални гости на концертот беа виолинистот Симос Папанас од Солунската филхармонија, како и познатата локална вокалистка Елена Андоновска. Специјалните визуелни ефекти создадени за потребите на настанот од регионално познатиот видео-уметник Флоријан Канга, дополнително ја збогатија свеченоста.

Првото поглавје од успешната приказна на Стопанска банка датира од 1944 година, период на значајни глобални промени и предизвици, кога Банката храбро ги отвори вратите и се обврза на одговорност и поддршка на локалната заедница. Оттогаш, Стопанска банка е најголемиот поддржувач на домашната економија, финансирајќи ги најголемите инфраструктурни проекти и најважните индустриски капацитети - патишта, објекти, мостови, фабрики и погони, како и овозможувајќи им просперитет на локалните мали бизниси и домаќинства. Постојаниот раст и големата успешност во текот на годините ѝ овозможија на Стопанска банка да стане дел од една од најголемите групации за финансиски услуги во Југоисточна Европа, НБГ, од 2000 година. Овој чекор, во спрега со посветеноста на раководството и вработените, дополнително ја зацврсти способноста на Банката за иновации и раст, со што таа стана предводник во иновативните банкарски решенија и банка која постојано е во чекор со дигиталното банкарство.

Значаен столб на стратегијата и работењето на Стопанска банка е нејзиниот посветен придонес кон заедницата. Како еден од лидерите на финансискиот пазар, Банката поддржува општествено одговорни проекти за поддршка на културата, уметноста, спортот, образованието и здравството веќе 80 години. Ваквите иницијативи поттикнуваат позитивни промени во општеството и ги мотивираат граѓаните да се ангажираат и да придонесат кон посветла иднина за целата заедница.

Прославата е дел од активностите со кои Банката прославува 80 години традиција и напредок, испраќајќи порака до сите да продолжат да создаваат и инвестираат овде, за ДОМА и понатаму да биде најдоброто место на светот, место за живот и просперитет на сите оние кои ги сакаме и почитуваме.

ПР објава

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Се одржа Првата Регионална Конференција за обработка на дрво и производство на мебел во организација на МЕБЛИНГ

Се одржа Првата Регионална Конференција за обработка на дрво и производство на мебел во организација на МЕБЛИНГ

Успешната визионерска приказна на ЕЛЕНА ЛУКА на „Profemina“ 2024

Успешната визионерска приказна на ЕЛЕНА ЛУКА на „Profemina“ 2024

Најчести „грешки“ кои треба да ги избегнувате кога аплицирате за кредит

Најчести „грешки“ кои треба да ги избегнувате кога аплицирате за кредит

Премиера на новиот BMW X3 во Македонија

Премиера на новиот BMW X3 во Македонија

Ексклузивно лансирање на новиот Porsche 911 во Скопје

Ексклузивно лансирање на новиот Porsche 911 во Скопје

Black Friday во „Литература.мк“ со сериозно големи попусти до 90%

Black Friday во „Литература.мк“ со сериозно големи попусти до 90%

Samsung го лансира новиот Galaxy A06: Проширување на границите кај паметните телефони од средна класа

Samsung го лансира новиот Galaxy A06: Проширување на границите кај паметните телефони од средна класа

Иновативните политики покренуваат значајни промени: Одржана конференција „„ReThink: Учиме од Шведска“

Иновативните политики покренуваат значајни промени: Одржана конференција „„ReThink: Учиме од Шведска“

Откријте ја магијата на црниот петок со Hisense - трае до крај на ноември!

Откријте ја магијата на црниот петок со Hisense - трае до крај на ноември!