16 Јуни, 2025
0.0243

Шпаркасе Лизинг донираше противпожарно возило на општина Кисела Вода, по повод 15 години постоење на Македонски пазар

Објавено во: Мои пари 03 Октомври, 2024 15:32

Добивај вести на Viber

Шпаркасе Лизинг е оштествено одговрана компанија, која 15 години донира во различни сегменти, со цел да се обезбеди квалитетот на живот на граѓаните во Македонија.

Со особена чест и задоволство денеска сме тука да направиме еден важен чекор во насока на подобрување на безбедноста и квалитетот на животот во нашата заедница. Како компанија која е длабоко посветена на општествената одговорност и поддршката на локалните заедници, Шпаркасе Лизинг го препозна значењето на соработката меѓу приватниот сектор и јавните институции. Денес, ја продолжуваме таа традиција преку донацијата на противпожарно возило на Општина Кисела Вода.

Знаеме дека секоја општина се соочува со предизвици кои бараат брзи и ефикасни одговори, особено во ситуациите кога е загрозена безбедноста на граѓаните и нивниот имот. Против пожарното возило  кое ќе помогне во спасувањето на животи и намалувањето на штетите во моменти кога секоја секунда е важна. Со оваа донација, се надеваме дека ќе придонесеме кон уште побрза и поефикасна реакција на противпожарните служби во Општина Кисела Вода.Шпаркасе Лизинг отсекогаш имала јасна цел – да биде повеќе од финансиска институција. Наша мисија е да ја поддржиме заедницата во која работиме и живееме, да вложуваме во развојот и подобрувањето на условите за сите граѓани. Овој чин на донација е само еден од многуте начини преку кои нашата компанија ја покажува својата посветеност кон општото добро. Сакам да се заблагодарам на градоначалникот и на тимот од Општина Кисела Вода за нивната посветеност и визија за подобра и побезбедна средина за сите граѓани. Убедени сме дека ова противпожарно возило ќе најде своја суштинска примена и ќе донесе корист на општината во многу години кои следат. На крајот, би сакал да потенцирам дека и понатаму ќе останеме отворени за соработка и поддршка на вакви и слични иницијативи. Заеднички, можеме да направиме многу повеќе за нашата заедница и нашата иднина- Изјави директорот на Шпаркасе Лизинг  Г- дин Марјан Манчев.

Со големо задоволство денес сакам да објавам дека во насока на зголемување на безбедноста на нашите граѓани, со цел да се заштитиме од непредвидливите и разорни последици на пожарите, Општина Кисела Вода успеа да обезбеди противпожарно возило. Секое лето, а посебно изминатово, сите видовме колку лесно и брзо може да се запали и прошири пожар, загрозувајќи го животот, домот и природата и за жал увидовме дека е неопходно подобрување на капацитетите на нашата Противпожарна Бригада. Голема е мојата благодарност до компанијата Шпаркасе Лизинг, која ги препозна нашите намери и како општествено одговорна компанија, покажа исклучителна грижа за безбедноста на нашата заедница, донирајќи ни го ова противпожарно возило. Ваквите партнерства меѓу приватниот сектор, општините и јавните служби се и повеќе од потребни кога за цел имаме подобрување на условите за живот на сите граѓани.

Она што е наш следен чекор, како локална самоуправа е да и’ го понудиме ова возило на Противпожарната Бригада, со цел, таа да може побрзо и ефикасно да реагира и да ги заштити граѓаните, а пред се’ жителите на општина Кисела Вода. Сметам дека снабдувањето со ново возило претставува значајна помош, особено во моменти кога навистина е неопходно брзо и ефикасно да се реагира.

Уште еднаш, огромна благодарност до Шпаркасе Лизинг и се надевам дека ова ќе биде само почеток на една успешна соработка од која ќе произлезат и многу други проекти во интерес на нашите жители- Изјави Градноначалникот на Општина Кисела Вода Г-дин Орце Ѓорѓиевски.

Можеби ќе ве интересира

Драги типстери, време е за поени и награди!!!

Драги типстери, време е за поени и награди!!!

„Како до здрави навики“ – нов водич за поздрав живот промовиран од Здружението на лекари специјализанти

„Како до здрави навики“ – нов водич за поздрав живот промовиран од Здружението на лекари специјализанти

„Аџибадем Систина“ домаќин на трката „Croatia osiguruvanje business run 5K 2025

„Аџибадем Систина“ домаќин на трката „Croatia osiguruvanje business run 5K 2025

Од канцеларија до кеј – компаниите покажаа спортски дух во Скопје Croatia Osiguruvanje Business Run 5K

Од канцеларија до кеј – компаниите покажаа спортски дух во Скопје Croatia Osiguruvanje Business Run 5K

СТЦ Белград и СТЦ Сараево - Мост за зајакнување на регионалната економска соработка

СТЦ Белград и СТЦ Сараево - Мост за зајакнување на регионалната економска соработка

Имлек Крем за готвење за совршено вкусни јадења

Имлек Крем за готвење за совршено вкусни јадења

Генерално собрание на CEFA 2025 во Солун: Ново раководство, стратешка визија и ново поглавје по повод 30-годишнината на CEFA

Генерално собрание на CEFA 2025 во Солун: Ново раководство, стратешка визија и ново поглавје по повод 30-годишнината на CEFA

Ново поглавје за Флекс Кредит – пристигнавме и во Црна Гора!

Ново поглавје за Флекс Кредит – пристигнавме и во Црна Гора!

Не ги одложувајте плановите: Обезбедете до 1.000.000 денари уште денес – Минт Промо Потрошувачки кредит

Не ги одложувајте плановите: Обезбедете до 1.000.000 денари уште денес – Минт Промо Потрошувачки кредит