04 Октомври, 2024
0.0264

Работилница за редизајн на ранец со Лидија Георгиева за време на Skopje Design Week 2024

Објавено во: Мои пари 02 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Во очекување на претстојниот Skopje Design Week 2024, на 19 октомври (сабота), од 11 до 16 часот, во просториите на Public Room во Скопје ќе се одржи работилница за редизајн на ранец.

Во настанот, кој се реализира во соработка со „Литература.мк“, може да учествуваат сите млади креативци и талентирани дизајнери. Под менторство на познатата модна креаторка и професорка Лидија Георгиева, тие ќе редизајнираат ранци, инспирирани од темата на годинашното издание на SDW „Чиста мобилност“ како напреден пристап кон почиста, подобра и поефикасна непосредна околина, земја, континент… Во рамките на работилницата дополнително ќе се работи и на редизајн на маица. 

Редизајнираните ранци и маици ќе бидат изложени во „Литература.мк суперстор“ во „Дајмонд мол“ за време на ова издание на Skopje Design Week, од 6 до 10 ноември. Изложбата ќе биде од продажен карактер. 

Сите заинтересирани креативци може да пратат свои податоци (име и презиме, контакт-телефон и е-адреса) и кратко портфолио на axi@literatura.mk  со назнака - Работилница за редизајн на ранец на Skopje Design Week. Повикот ќе биде отворен до 10 октомври 2024.
Настанот е со ограничен број од 20 учесници, а избраните кандидати ќе бидат известени на нивната е-пошта. 

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

„Лесја Украинка“: Егзекуцијата на 16 воени заробеници и прашањата за почитување на меѓународните норми

„Лесја Украинка“: Егзекуцијата на 16 воени заробеници и прашањата за почитување на меѓународните норми

Шпаркасе Лизинг донираше противпожарно возило на општина Кисела Вода, по повод 15 години постоење на Македонски пазар

Шпаркасе Лизинг донираше противпожарно возило на општина Кисела Вода, по повод 15 години постоење на Македонски пазар

Одбележана 80-годишнината на Стопанска банка - темелот на домашната економија

Одбележана 80-годишнината на Стопанска банка - темелот на домашната економија

ЕЛЕНА ЛУКА лидер во женското претприемништво - на првото издание на „Eкономски форум на жени лидерки - Women Economic Forum - Balkans 2024“ во Скопје

ЕЛЕНА ЛУКА лидер во женското претприемништво - на првото издание на „Eкономски форум на жени лидерки - Women Economic Forum - Balkans 2024“ во Скопје

Vibe On кредит за млади – твојот прв чекор кон независност

Vibe On кредит за млади – твојот прв чекор кон независност

Скопје Сити Мол слави 12 години! Party Mall! Shopping for all!

Скопје Сити Мол слави 12 години! Party Mall! Shopping for all!

Халкбанк ги носи децата на планетата Ѕвездалија за месецот на штедењето

Халкбанк ги носи децата на планетата Ѕвездалија за месецот на штедењето

Трето издание на „Digiton Conference“: регионална конференција за најновите бизнис технологии на Microsoft

Трето издание на „Digiton Conference“: регионална конференција за најновите бизнис технологии на Microsoft

Halk EZ со поддршка на првиот академски час на УКИМ

Halk EZ со поддршка на првиот академски час на УКИМ