Одбиена жалбата на Артан Груби, одлуката за притворот останува во важност
Објавено во: Македонија 24 Декември, 2024
Одлуката за одредување притвор на Артан Груби останува во важност штом биде достапен за органите на прогонот, откако Кривичниот суд ја одби жалбата на неговата одбрана .
„Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по
жалба изјавена од одбраната на А.Г., недостапен за органите на прогон,
против решението на судија на претходна постапка, донесе одлука со која
ја одби жалбата на одбраната и го потврди решението на судија на
претходна постапка“, информираат од судот.
Инаку минатата недела судија на претходна постапка, постапувајќи по
предлог на Јавниот обвинител за определување мерка притвор против две
лица, поврзани со истрагата за „Државна лотарија на РСМ“, а по добиено
известие од МВР дека истите се недостапни за органите на прогон, донесе
решение со кое го прифати предлогот и на двете лица им определи мерка
притвор во траење од 30 дена која започнува да се спроведува од нивно
пронаоѓање односно лишување од слобода.
Во истиот случај, покрај Груби, недостапен е и Перпарим Бајрами,поранешниот директор на АД Државна лотарија.