25 Декември, 2024
0.0342

ПО 12 ГОДИНИ ПОВТОРНО ЌЕ СЕ ЛЕТА ОД СКОПЈЕ ДО АМСТЕРДАМ: ТАВ Аеродроми со најава - : Трансавиа ја воведува линијата од март 2025 година

Објавено во: Македонија 24 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Нискобуџетната и втора по големина авиокомпанија во Холандија чија база е аеродромот Шипхол во Амстердам, од 23 декември започна со продажба на билети за летови преку нивната веб-страница: https://www.transavia.com/

ТАВ Македонија, подружницата на ТАВ Аеродроми, со задоволство објавува дека по 12 години пауза Скопје ќе се поврзе со авиолинија со Амстердам, благодарение на Трансавиа, втората по големина авиокомпанија во Холандија, дел од групацијата КЛМ.

Трансавиа, која е нискобуџетна авиокомпанија и која нуди патувања низ Европа по пристапни цени, ќе почне да лета од Амстердам до Скопје на 2 март 2025 година.

Холандската авиокомпанија ќе лета на релација Амстердам-Скопје-Амстердам двапати неделно, во четврток и во недела. Детали за времето на пристигнување и полетување, како и информации за достапноста и резервацијата на авиобилетите може да се најдат на веб-страницата на Трансавиа: https://www.transavia.com/home/en-nl.

„Оваа прекрасна нова авиолинија меѓу Скопје и Амстердам ќе биде одлично воздушно поврзување со главниот град на Холандија, перфектно за продолжен викенд или за одмор во градот каде што македонските граѓани ќе можат да го доживеат енергичниот град познат по својата уметност, култура, историја, архитектура и живописни пејзажи.“, изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Оваа нова авиолинија од Меѓународниот Аеродром Скопје, која се воведува по речиси повеќе од 12 години, со која се поврзува Скопје со Амстердам, ќе им понуди на патниците поголеми можности за конекции и удобност, овозможувајќи повеќе опции за патување, поддршка на туризмот и обезбедување беспрекорно патничко искуство и за деловни патувања и за туристички или рекреативни патувања.

Со ова ново дополнување кое е резултат на напорите на ТАВ Македонија за развој на мрежата на авиолинии и на скопскиот и на охридскиот аеродром, аеродромскиот оператор продолжува со својата посветеност да го прошири своето портфолио преку збогатување на мрежата на авиолинии, истовремено обезбедувајќи им на патниците подиректни опции, како и обезбедувајќи беспрекорно и ефикасно патничко искуство.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски бара поголема контрола против трговците кои ги зголемија цените во маркетите

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски бара поголема контрола против трговците кои ги зголемија цените во маркетите

ФИЛИПЧЕ ДО МИЦКОСКИ: Тајно се договарате со трговците, јавно глумиш загрижен политичар

ФИЛИПЧЕ ДО МИЦКОСКИ: Тајно се договарате со трговците, јавно глумиш загрижен политичар

МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ ЌЕ МОЖЕ ДА ГИ ОТПОВИКА АМБАСАДОРИТЕ КОИ НЕ „ПЕЕЛЕ“ ПРЕД ПРАТЕНИЦИТЕ ПРЕД ДА ОТИДАТ - еве каков документ усвои Собранието

МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ ЌЕ МОЖЕ ДА ГИ ОТПОВИКА АМБАСАДОРИТЕ КОИ НЕ „ПЕЕЛЕ“ ПРЕД ПРАТЕНИЦИТЕ ПРЕД ДА ОТИДАТ - еве каков документ усвои Собранието

Одбиена жалбата на Артан Груби, одлуката за притворот останува во важност

Одбиена жалбата на Артан Груби, одлуката за притворот останува во важност

Приведен Кавадарчанец кој му се заканувал на Митко Јанчев

Приведен Кавадарчанец кој му се заканувал на Митко Јанчев

Жена починала откако била прегазена на „Партизанска“

Жена починала откако била прегазена на „Партизанска“

МЕДИЦИНСКИ ПОДВИГ НА КЛИНИКАТА ЗА ОРТОПЕДИЈА: Уште една трансплантација на ахилова тетива од починат донор во земјата

МЕДИЦИНСКИ ПОДВИГ НА КЛИНИКАТА ЗА ОРТОПЕДИЈА: Уште една трансплантација на ахилова тетива од починат донор во земјата

За „Антикорупциска“ дипломите на шефот на тајната полиција Христовски се чисти

За „Антикорупциска“ дипломите на шефот на тајната полиција Христовски се чисти

СКОРО МЕТРО СНЕГ НА ШАПКА И ВО МАВРОВО: Еве каде се зголеми снежната прекривка и што вели прогнозата

СКОРО МЕТРО СНЕГ НА ШАПКА И ВО МАВРОВО: Еве каде се зголеми снежната прекривка и што вели прогнозата