25 Декември, 2024
0.0293

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски бара поголема контрола против трговците кои ги зголемија цените во маркетите

Објавено во: Македонија 24 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

МИЦКОСКИ УПАТИ КРИТИКА ДО ТРГОВЦИТЕ

Премиерот Христијан Мицкоски денеска апелираше до трговците да го преиспитаат своето однесување во однос на цените на прехранбените производи и најави дека ќе побара од Пазарниот инспекторат вонредна инспекција со цел да се утврди како цената на одредени основни производи е зголемена во изминатите 30 дена. 

- На седница на Влада ќе побарам робусна, жестока акција од Пазарниот инспекторат затоа што добивам информации дека некои од маркетите шпекулираат и се служат со трикови. Јас со трикови не функционирам и тие што мислат дека ќе функционираат со трикови, се лажат. Не може тоа што на нив им беше дадено како право и можност за едни производи, сега да го прават со драматично зголемување на некои други призводи како маслото, лебот, јајца, брашно.... 

ОПОЗИЦИЈАТА ГО КРИТИКУВА ПРЕМИЕРОТ ЗА ИЗМАМАТА СО КОШНИЧКИТЕ

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче денеска му порача на премиерот Христијан Мицкоски дека тој е виновен за измамата со кошничките, но и за растот на сиромаштијата. 

„Го слушам Мицкоски денеска вели срамота било тоа што го правеле трговците. Не господине Мицкоски, срамота е што вие дозволивте тоа да го прават и што тајно со нив се договарате, а во јавноста глумите загрижен политичар“, рече Филипче на конференција на општинската организација во Битола.

Филипче тврди дека само по шест месеци Влада на ВМРО-ДПМНЕ се чувствува голема економска несигурност и слабеење на стандардот на граѓаните, бидејќи сметките растат, цените растат, а ‘Владата со измами се обидува да ги излаже луѓето дека со нешто им помага“.

ОДБИЕНА Е ЖАЛБАТА НА ГРУБИ

Одлуката за одредување притвор на Артан Груби останува во важност штом биде достапен за органите на прогонот, откако Кривичниот суд ја одби жалбата на неговата одбрана .

„Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи пожалба изјавена од одбраната на А.Г., недостапен за органите на прогон,против решението на судија на претходна постапка, донесе одлука со којаја одби жалбата на одбраната и го потврди решението на судија напретходна постапка“, информираат од судот.

ЗА АНТИКОРУПЦИСКА ДИПЛОМИТЕ НА ХРИСТОВСКИ СЕ ЧИСТИ

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) нема надлежност да ја проверува валидноста на дипломите на директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски.

На денешната седница „Антикорупциска“ одлучи дека нема надлежност за директна експертиза на дел од документите со кои шефот на тајната полиција е поставен на функција.

Според пријавите, постојат сомневања за законитоста на безбедносната проверка, валидноста на дипломата за високо образование, сертификатот за англиски јазик и работното искуство на Христовски. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Компанијата Настел на бизнисменот Зоран Азманов веќе сериозно го намалува својот акционерски процент во фармацевтската компанија „Реплек“. Со последната продажба на дури 3.357 акции од таа компанија, Настел се сведе на 6,89 отсто од акционерскиот капитал.

Најавуваните промени со кои ќе се спречи нов раст на функционерските плати пред собраниските пратеници. Измените на Законот за плата и други надоместоци на избрани и на именувани лица се доставени во Собранието, и се бара намалување на коефициентите за пресметка на платите. Предлагачи на законските измени се пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, Дафина Стојаноска и Ели Панова.

Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони има земјиште кое, барем на хартија, вреди 28 милиони евра, но од тоа минатата година е остварен симболичен приход за закуп од само околу 120 илјади евра.

Најмногу театри има Општина Центар – четири. Тие одиграле 207 претстави на кои имале над 54.000 посетители. Од внатрешноста најтеатарски град е Битола со два театри, 120 претстави и 27.000 посетители. Статистиката покажува дека растат бројот на претстави, се зголемува публиката, но во сезоната 2023/24 се намалил бројот на актери и помошен персонал во нашите професионални театри

Откако кон крајот на минатата недела на Берзата поминаа два блока од по 200 акции и по цена од 29.000 денари за акција на Комерцијална банка, денеска повторно блок со акциите на таа банка.

Во домашните банки македонските граѓани на крајот на ноември чувале 6,2 милијарди евра. Само во однос на еден месец претходно, односно во споредба со октомври, граѓанските штедни влогови се зголемени за дури 113 милиони евра.

Можеби ќе ве интересира

Тошковски: Со пари од „Државна лотарија“ се купувале имоти во земјата и странство

Тошковски: Со пари од „Државна лотарија“ се купувале имоти во земјата и странство

ОФИЦИЈАЛНО СЕ ОТВАРА СКИ ЦЕНТАРОТ „МИХАЈЛОВО“: Јанчев со покана до сите љубители на скиањето

ОФИЦИЈАЛНО СЕ ОТВАРА СКИ ЦЕНТАРОТ „МИХАЈЛОВО“: Јанчев со покана до сите љубители на скиањето

ВО ДОГОВОРОТ ЗА ДОБРОСОСЕДСТВО НЕМА НИТУ ЕДЕН ЗБОР ЗА УСТАВНИ ИЗМЕНИ: Годишно обраќање на Силјановска - Давкова

ВО ДОГОВОРОТ ЗА ДОБРОСОСЕДСТВО НЕМА НИТУ ЕДЕН ЗБОР ЗА УСТАВНИ ИЗМЕНИ: Годишно обраќање на Силјановска - Давкова

Полицајци од Гази Баба и Арачиново си делеле бесправно бонус плати од по 600 евра

Полицајци од Гази Баба и Арачиново си делеле бесправно бонус плати од по 600 евра

АКТИВИРАНА ЗИМСКАТА СЛУЖБА НА ГРАД СКОПЈЕ: Фрлиле 45 тони индустриска сол

АКТИВИРАНА ЗИМСКАТА СЛУЖБА НА ГРАД СКОПЈЕ: Фрлиле 45 тони индустриска сол

„Ветувањата за ‘горда Македонија’ се нурнаа во неуставниот Закон за двојазичност“: Левица со остри кртики - измените протуркани на несоодветна комисија

„Ветувањата за ‘горда Македонија’ се нурнаа во неуставниот Закон за двојазичност“: Левица со остри кртики - измените протуркани на несоодветна комисија

АВТОБУС СЕ ИЗЛИЗГА ВО СОПИШТЕ: На патот има застој

АВТОБУС СЕ ИЗЛИЗГА ВО СОПИШТЕ: На патот има застој

СЕ БЛИЖИ НОВА ГОДИНА: Maкедонките сакаат да се средат на фризер, но една работа се смени со годините

СЕ БЛИЖИ НОВА ГОДИНА: Maкедонките сакаат да се средат на фризер, но една работа се смени со годините

ВИДЕОТО КАДЕ ШТО ГРУБИ, ОСМАНИ И ДРУГИТЕ ЧЛЕНОВИ НА ДУИ ИГРААТ ФУДБАЛ И КОШАРКА НЕ СМЕЕЛО ДА ИЗЛЕЗЕ ВО ЈАВНОСТ: Османи вели дека било грешка

ВИДЕОТО КАДЕ ШТО ГРУБИ, ОСМАНИ И ДРУГИТЕ ЧЛЕНОВИ НА ДУИ ИГРААТ ФУДБАЛ И КОШАРКА НЕ СМЕЕЛО ДА ИЗЛЕЗЕ ВО ЈАВНОСТ: Османи вели дека било грешка