19 Декември, 2025
0.2130

Одбројуваме: Груевски и Ахмети се надмудруваат, Заев го мерка мандатот

Објавено во: Македонија 24 Јануари, 2017 07:01

Добивај вести на Viber

Се ситнат деновите на мандатарот Никола Груевски за состав на нова влада. На шест дена пред рокот протекуваат штури неофицијални информации од штабовите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ околу преговорите и условите кои ги поставуваат партиите од македонскиот и од албанскиот блок што освоија најмногу гласови на изборите. Ако досега во нешто се усогласени е тоа, како што велат, победник со победник составува влада. Оваа изјава вчера дојде од премиерот Емил Димитриев, а претходниот ден и од портпаролот на ДУИ, Бујар Османи.

„Во моментот не сакам да прејудицирам било што околу преговорите кои се во тек. Рокот го знаеме и секако дека ќе мора да има одреден епилог“, изјави Димитриев.

И Бујар Османи вели дека треба да се почитува принципот за коалиција меѓу партии кои освоиле најмногу гласови, како во македонскиот, така и во албанскиот блок.

„Мислам дека тоа што доминира на сцената е почитување на потпишаните договори. Македонија во минатото постоела како таква само почитувајќи ги меѓународните договори. Еден од нив е Мајскиот договор од 2007 година, во кој се вели дека победникот кај албанската заедница го избира партнерот – победник кај македонската заедница. Почитувањето на овој принцип е многу важен, за да се зачува важноста што ја има албанската заедница и за да се зачува логиката која ја имаат изборите кај самите Албанци“ - вели Османи.

Мајскиот договор во 2007 година беше донесен откако ВМРО-ДПМНЕ, после изборите во 2006 година се одлучи да коалицира со ДПА, иако тогаш ДУИ имаше освоено повеќе гласови кај Албанците. После тој договор, коалицирањето продолжи со ДУИ, односно со партијата која има освоено најмногу гласови во албанскиот блок.

Од ДУИ негираат дека веќе се договараат детали околу коалицирањето со ВМРО-ДПМНЕ, односно дека е усогласена двојазичноста и тоа не преку уставни измени туку со измени на Законот за јазиците. 

„Ниту една од објавените неофицијални информации не е точна. Нашиот лидер Али Ахмети, рече дека договорот со која било партија ќе биде транспарентен и јавноста ќе биде запознаена со него“, реагираат од ДУИ. 

Конечно се огласи и претседателот на СДСМ Зоран Заев. Тој досега со Ахмети имаше само една средба, барем за која беше информирана јавноста. Но, во соопштението од двете партии само кусо информираа дека разговарале и ги анализирале резултатите од изборите. Заев е убеден дека владата ќе биде предводена од СДСМ.

„Мандатот е во рацете на Груевски и тој треба да ги даде своите коментари, своите образложенија, ние како опозиција во овој момент немаме мандат за да составуваме влада. Јас искрено очекувам дека после 29-ти јануари мандатот ќе биде во наши раце. Зошто? Заради сите аргументации коишто целата јавност ги знае. А тоа е – мнозинството граѓани, преку 612 илјади, се определија за промени“, рече Заев.

Пред десетина дена ВМРО ДПМНЕ соопшти дека не ги прифаќа условите на ДУИ за формирање на Влада. Од партијата беа децидни дека нема да преговараат и нема да дозволат промена на Уставот со цел двојазичност на целата територија и се против продолжување на мандатот на СЈО.

Ј.М.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица