Одговорот на Русија на новите американски санкции ги зачуди сите: Московската берза направи драстичен потег
Објавено во: Финансии 13 Јуни, 2024 12:18
Московската берза (MOEX) денеска објави дека тргувањето со долари и евра повеќе нема да биде достапно од 13 јуни, по новите ограничувања воведени од Соединетите Американски Држави против Русија.
„Поради воведувањето на рестриктивни мерки од страна на Соединетите држави против Московската берза група, берзанското тргување и порамнувањето на испорачливите инструменти во американски долари и евра се суспендирани“, објави Централната банка на Русија, пренесе Ројтерс.
Банкарските депозити на граѓаните се безбедни
Банката излезе со итно соопштение за да ги увери граѓаните дека нивните банкарски депозити во долари и евра се безбедни, пренесуваат медиумите.
Ова е одговорот на Русија на одлуката на американското Министерство за финансии, кое го воведе осмиот пакет антируски санкции, вклучувајќи повеќе од 30 лица и 200 организации од Русија, како и од Кина.
Санкциите се однесуваат и на руската финансиска инфраструктура, вклучувајќи ја Московската берза, Националниот клириншки центар, осигурителната компанија СОГАЗ и други. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, коментирајќи ги новите антируски санкции на Вашингтон, јасно му порача на Вашингтон дека Русија нема да ги остави без одговор агресивните дејствија на САД.
Да потсетиме, во средата, САД воведоа повеќе од 300 нови санкции за поединци и компании кои директно или индиректно ги помагаат руските воени напори.
Денешните санкции на Стејт департментот и Секретаријатот за финансии се насочени против странски компании кои го олеснуваат водењето војна на Русија, вклучително и кинеските, потоа против странски финансиски институции кои работат со руската економија, како и поединци и компании кои го овозможуваат тоа за да се избегнат постоечките санкции. На листата на санкции е и фирма од Белград, како и нејзиниот сопственик, руски државјанин.
На списокот на осмиот пакет санкции се лидерот на Гагаузија Евгенија Гуцул, рускиот научен центар за роботика и кибернетика, седум бродови за транспорт на течен гас, „Уралвагонзавод“, структури на Росатом, „Гаспром инвест“, како и компании поврзани со ИТ секторот и воздухопловството Движење на деца и млади „Прва“ и други.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





