Добивај вести на Viber
Цените на акциите на европските берзи утринава зајакнаа благодарение на охрабрувачките кинески показатели и одлуката на американскиот претседател, Барак Обама, за воениот напад на Cирија, да бара поддршка од Конгресот.
Лондонскиот Ftse индекс околу 9,30 часот беше во плус од 0,25 посто, франкфуртскиот DAX 1,5 посто, а паришкиот CAC 1,68 посто.
Инвеститорите се охрабрија од најновите податоци од Кина, кои покажуваат дека индустриската активност во оваа земја во август, пораснала по најбрза стапка во последните година дена.
PMI индексот на индустриска активност, во август достигна 51 поен, што е над очекувањата на аналитичарите.
Одложувањето на потенцијалниот воен удар на CАД врз Cирија, исто така, разбуди нешто поголем апетит за ризик кај инвеститорите.
На Токиската берза, Nikkei индексот денеска зајакна за 1,37 посто на 13.572 поени.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.