ОДМОР ВО ХРВАТСКА ГОДИНАВА: Еве колку треба да потрошите за некои од најубавите дестинации
Објавено во: Балкан 27 Јуни, 2024
Хрватското крајбрежје е познато како едно од најскапите во регионот, а нивниот портал Индекс истражуваше колку чини седумдневен или шест ноќен одмор на четиричлено семејство на хрватското приморје, односно некои од најпознатите одморалишта таму.
Потрагата вклучува сместување во хотел или апартман, оброк во ресторан, како и сладолед за целото семејство. Испитани се просечните вредности на понудите во Ровињ, Сплит, Хвар и Дубровник, а во крајната сума не се вклучени трошоците за превоз, како и билетите за туристичките атракции.
Цените на сместувањето на Booking може да се разликуваат поради одредени попусти, а во овој случај се пребаруваше периодот од 8 до 14 јули. (побарано на 13 јуни)
Четиричлено семејство со две деца на возраст од 7 и 13 години ќе треба да потроши околу 3.000 евра за шест ноќевања во Ровињ, додека сместувањето во апартман ќе чини нешто помалку од 1.000 евра. Во пицерија четири пици и сок чинат 58 евра. Со четири топки сладолед, еден оброк ќе чини 70 евра.
Б92* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.