„Однапред сте знаеле дека Дино паркот ќе биде даден на приватник“: Михајловски со остра реакција за одлуката на општина Штип
Објавено во: Македонија 19 Ноември, 2025 10:36
Остра реакција имаше советникот на опозициската Левица во Советот на општина Штип, Ангеле Михајловски поради одлуката општината да го издаде Дино паркот на приватна кмпанијата.
Тој истакнува дека иако општината потрошила 800 илјади евра за него, со сегашните цени на влезниците има 15 години да ја вратат вложената сума
- После еден месец од отворањето се пишманите, поради голем наплив на луѓе, и треба да бараме друга варијанта, бидејќи ова не е одржливо и мора да се бара друго решение.
Но, мене ова ми излгеда дека однапред сте знаеле дека оваа инвестиција на општина Штип ќе биде дадена на приватник со кој ќе склучите договор. Цената која сега се плаќа, за деца бесплатно, за воздрани 80 денари. Едноставана калкулација, со 100 карти дневно би ги земале истите пари кои ќе ги добиете од приватен инвеститор. Така што со оваа цена би ги вратиле парите за 15 години.
Сигурно нема да остане таа цена, особено ако се даде под закуп, така што може да очекуваме дека цената повеќекратно ќе се зголеми. Сметаме дека општината треба да стегне заби и да си создаде услови за негово одржвуање. Тезата дека нема капицитет за да го одржува, не држи - каде Михајловски.
Еве го неговото обраќање:
Случајот ја разбранува општината, бидејќи помина само еден месец откако со голема помпа беше промовиран Дино паркот и тоа непосредно пред локалните избори.
За Дино-паркот во Штип, општината потроши 800.000 евра, но сега со одлука на Советот тој се издава под кирија, и тоа на период од 15 години.
Почетната цена на месечниот закуп е 0,5 отсто од проценетата вредност, или околу 4.000 евра (251.073 денари).
Паркот, чија изградба ги чинеше граѓаните 50.214.600 денари од општинскиот Буџет, во триесетината денови во кои работеше, беше многу популарен меѓу штипјани.
Од општина Штип пак посочуваат дека се одлучиле да го издадат Дино-паркот само еден месец по отворањето поради тоа што општината и јавното комунално претпријатие немале капацитет, кадровски и финансиски ресурси за негово одржување.
Одлуката поминала со 17 гласа „за“ и шест „против“.
Фото: Принтскрин/ФејбсукМожеби ќе ве интересира
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




