Одобрена набавката на лекот „Veklury (remdesivir)“ прифатен во терапијата на КОВИД-19
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 27 Октомври, 2020
Одобрена е набавката на лекот „Veklury (remdesivir)“ прифатен во терапијата на КОВИД-19.
Ова е одлука од 16-та седница на Владата.
Владата ја разгледа информацијата за имплементацијата на Рамковниот договор за јавна набавка на лекот „Veklury (remdesivir)“, прифатен во терапијата на КОВИД-19, со постапка за набавка преку Договорот за заеднички набавки склучен со Европската комисија и обезбедување на финансиски средства и донесе заклучок да го задолжи министерот за здравство да го потпише и имплементира Посебниот договор за јавна набавка на лекот „Veklury (remdesivir)“ согласно обврските преземени од Рамковниот договор за јавна набавка на лекот „Veklury (remdesivir)“, доделен со постапка за набавка преку Договорот за заеднички набавки склучен со Европската комисија.
Со вториот заклучок во врска со оваа информација Владата го задолжи Министерството за финансии да обезбеди во рамките на буџетот на Министерството за здравство за 2020 година, дополнителни 13.500.000,00 денари, за плаќање на лекот „Veklury (remdesivir)“ за месец октомври, додека останатите средства во износ од 67.500.000,00 денари, за исплата по сукцесивна испорака на овој лек за период од 5 месеци, да се предвидат и обезбедат во буџетот на Министерството за здравство за 2021 година.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.