16 Декември, 2025
0.0348

Одржливото градежништво – заштеда на пари и можност за вработувања

Објавено во: Мои пари 13 Април, 2016 13:47

Добивај вести на Viber

Потрошувачката на енергија во резиденцијалните и канцелариските простори изнесува 40% од вкупната потрошувачка на енергија во Македонија, со што секторот одржливо градежништво добива дополнителна атрактивност за инвестирање. Според истражувањето на швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост,секторот одржливо градежништво е сектор со голем потенцијал за вработување и генерирање приходи. Работилницата која се одржа под покровителство на програмата, а на која учествуваа претставници на приватниот и јавниот сектор, имаше за цел да се увидат проблемите во секторот, да се мапираат чинителите според методологијата за оценка на развојот на пазарот и да се дискутираат идните чекори во овој сектор.

IMG_5034

Според д-р Ристо Иванов, консултант кој е активно вклучен во секторот, потенцијалот на овој сектор треба да се искористи веднаш.

„Одржливото градежништво е сектор со голем потенцијал за вработување и генерирање приходи. Искуствата во Германија покажуваат дека обновливите извори на енергија се значајни креатори на работни места. Европската Комисија предвидува дека бројот на нови работни места во овој сектор ќе порасне до 2,5 милиони вработени лица во ЕУ до 2020.Во Македонија се претпоставува дека во овој сектор ќе има 3500 нови работни места до 2020“, изјави Иванов.

IMG_5044

Според истражувањето во секторот се вработени 10000 работници на возраст над 60 години. Се очекува овие лица да се заменат со 7000 нови вработени додека дополнителни 5000 да се вработат во секторот за имплементација на мерките за енергетска ефикасност.

IMG_4908

Игор Мишевски, менаџер на секторот зелена економија во Програмата за зголемување на пазарната вработливост вели дека соработката помеѓу јавниот и приватниот сектор е од огромно значење за увидување на проблемите во секторот.

„Програмата за зголемување на пазарната вработливост во следниот период ќе работи на подобрување на перформансите во секторот и надминување на проблемите. По спроведување на истражувањето и денешното мапирање на чинителите во секторот, во следниот период ќе работиме со приватниот сектор на подобрување на квалитетот на градбите, зголемување на побарувачката за квалификувани работници, промоција на предностите на мерките за енергетска ефикасност, како и пристап кон соодветни меѓународни искуства“, изјави Мишевски.

IMG_4944

На работилницата учествуваа над 20 претставници на репрезентативни компании од градежниот сектор – лидери во областа на енергетска ефикасност, инвеститори, изведувачи, производители и увозници на енергетски ефикасни градежни материјали како претставници од Министерството за економија, Вардарскиот Плански Регион и општините Карпош, Чаир и Кисела Вода.

IMG_4931

Програмата за зголемување на пазарната вработливост (Increasing Market Employability - IME) е програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) имплементирана од  водечкиот партнер Swisscontact, во соработка со локалниот партнер ПРЕДА Плус. Првата фаза од програмата се имплементира од 2015 до 2019 и е со буџет од 6,25 милиони швајцарски франци. Програмата работи во секторите: туризам и угостителство, дизајн на производи, развој на софтвер и ИТ, органско земјоделство и одржливо градежништво. Очекуваните клучни резултати од програмата се во период од 4 години, да се создадат повеќе од 2000 директни или индиректни работни места и да се зголеми нето приходот на повеќе од 1000 мали и средни претпријатија  за 1,5 милиони евра.

Можеби ќе ве интересира

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!

Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“