Официјалната адреса на Мијалков била во хотел
Објавено во: Македонија 21 Ноември, 2018
Хотелот „Мериот“ била официјалната адреса на живеење во личните документи на Сашо Мијалков, поранешниот директор на УБК, кој синоќа беше приведен во 30-дневен притвор на барање на СЈО, пишува Дојче Веле.
На хотелската адреса му стигнувале известувања за судските рочишта и целата друга коресподенција.
„ Мотивите за избор на хотелот како адреса на живеалиште, беа предвидливи. Каква било акција за приведување на осомничениот и обвинет Мијалков од неговиот „хотелски дом“, би предизвикало непријатности со оглед на големата бројка хотелски соби кои надлежните би морале да ги претресат за да го пронајдат, што би го нарушило комодитетот и мирот на хотелските гости. Сепак, ваквaта „превентива“ не помогнала многу. Полицијата синоќа брзо го пронашла, откако по барање на СЈО судот му одредил 30-дневен притвор, со налог за негово спроведување во казнената установа“, пишува Дојче Веле.