19 Декември, 2025
0.0432

Официјално Кривичен бара од МВР да го приведе Сеад Кочан

Објавено во: Македонија 10 Март, 2017 12:27

Добивај вести на Viber

На официјалната веб страна на Основниот суд во Скопје е објавена одлуката на Кривичниот суд со која се бара од надлежните да го приведат бизнисменот Сеад Кочан.

Во решението се наведува дека притворот е во траење од 30 дена, сметано од неговото лишување од слобода.

СЕ НАЛОЖУВА на овластените службени лица од МВР на РМ, СВР Скопје, ОЕКР, Единица за извиди и потраги, Одделение за потраги-Скопје, по пронаоѓање и лишување од слобода на осомничениот С. К., да го спроведат на издржување на мерката притвор во КПУ Затвор Скопје – Скопје, а за истото веднаш да биде известен Основниот суд Скопје 1 Скопје.“, стои во одлуката на судот.

Во дел од образложенито на одлуката се објаснува целиот процес, а меѓу другото пишува:

„Кривичниот Совет на овој суд, постапувајќи по изјавената жалба, откако ги разгледа списите приложени во предметите на овој суд КПП.бр.144/17 и КПП.бр.145/17, обжаленото решение, жалбата, одговорот на жалба, како и наводите изнесени од странките на одржаната седница, најде дека:

Жалбата е основана.

Во конкретниов случај, по наоѓање на Советот од увидот во списите на предметите КПП.бр.144/17 и КПП.бр.145/17, постои основано сомневање дека осомничениот С. К. го сторил кривичното дело - Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство од чл.275-в од ст.3 в.в. со ст.1 од Кривичниот законик, за кое се сомничи.

На опасноста од бегство, по наоѓање на овој Совет, а како што основано се наведува во изјавената жалба, укажуваат личните прилики на осомничениот. Судијата на претходна постапка донел погрешен заклучок дека постои мала веројатност за бегство од причина што осомничениот има постојани месечни примања и е во работен однос, но факт е дека осомничениот С. К. е Управител на друштвото М... Компани, на кое сопственик е неговата сопруга А. К., па оттука произлегува логичен заклучок дека и покрај тоа што осомничениот е во работен однос истиот може да се даде во бегство. Осомничениот е имотен човек, што укажува на тоа дека може да се даде во бегство, бидејќи истиот поседува ресурси кои би можеле тоа да му го овозможат. Преку материјалните средства што тој ги поседува, осомничениот може непречено да реализира напуштање на границите на РМ и обезбедување на засолниште во странство, дотолку повеќе што неспорен е фактот дека тој многу често патува надвор од земјата. Во таа смисла, во услови кога на осомничениот не му е ограничено неговото движење бидејќи поседува патна исправа, согласно понапред изнесените причини може да се даде во бегство и да се крие, односно да стане недостапен на органите на прогон. Советот цени дека видот, карактерот и тежината на кривичното дело кое му се става на товар, за кое е предвидена казна затвор од најмалку 5 години, се околности кои исто така генерираат опасност од бегство“.

Адвокатскиот тим на Сеад Кочан пред малку во изјава за медиумите посочи дека до нив и до нивниот клиент нема стигнато никакво решение за притвор, туку дека за тоа слушнале од медиумите, и дека се додека не добијат решение Сеад Кочан е слободен човек.

Сеад Кочан е првоосмничен во најновата истрага на Специјалното јавно обвинителство, а Трансмет важи за доминантна компанија во тендерските зделки со Владата на ВМРО ДПМНЕ. Од 2012 година досега оваа компанија има добиено близу 64 милиони евра од државни тендери.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината