Оглас за вработување во МВР
Објавено во: Мои пари 27 Август, 2014 10:30
Од Министерството за внатрешни работи денеска информираа дека се распишува јавен оглас за прием на 50 извршители.
Имено, МВР бара 7 извршители со завршено образование од областа на информатичка технологија, електроника, телекомуникации, автоматика или вештачка интелигенција, 4 извршители со завршено образование од областа на телекомуникациите, 10 извршители со завршен Природноматематички факултет (насока хемија и биологија), 2 извршители со завршен Природноматематички факултет (насока физика), 1 извршител со завршен Машински факултет (насока моторни возила), 8 извршители со завршен Правен факултет (5 извршители со завршен Правен факултет) и (3 извршители завршен Правен факултет и со положен правосуден испит), 8 извршители со завршен Економски факултет (насока банкарство и јавни финансии), и 10 извршители со завршен Факултет за безбедност.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови:
-да е државјанин на РМ,
-да е полнолетен, а да не наполнил 30 години живот ако за првпат заснова работен однос на работно место за кое е предвидено високо образование
-да е здравствено и психофизички способен и
-со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните посебни услови:
-познавање на англиски јазик (познавање на други светски јазици се смета за предност)
-познавање на работа со компјутери
Заинтересираните кандидати треба да ги достават следните докази за исполнување на потребните услови за работното место, во оригинал или копија заверена на нотар:
-диплома за завршено високо образование,
-извод од матична книга на родените,
-доказ дека со правосилна пресуда не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност,
-сертификати и дипломи за завршени стручни курсеви и обуки и
-кратка биографија (CV)
Повеќе информации можете да прочитате на овој линк.
Можеби ќе ве интересира
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив
СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби
Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк
Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави
ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА
Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!
Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“




