19 Декември, 2025
0.1236

Огнен Јанески: Доколку ДУИ вистина сака да ја види Македонија демократска-да ја повлече платформата

Објавено во: Македонија 08 Март, 2017 15:15

Добивај вести на Viber

Доколку ДУИ претендира да биде партија за којашто се претставува (и унија, и демократска и за интеграција), преку делување во политичкиот систем за сите, залагајќи се за воспоставување на правните поредок и систем во државава, со тоа што сите би извлекле ем поука - ем корист, бидејќи би почнале да се ослободуваме од корупцијата наметната од владеењето на ДПМНЕ и ДУИ изминатите 11 години, треба да ја повлече албанската платформа и да престане да биде кочничар на составувањето Влада, при што би покажала доблест дека се грижи за оваа држава севкупно. 

Не дотолку за содржината на платформата, која ќе се остави да се одлучува парламентарно како што и' доликува, а не силеџиски како сега, туку и би покажала некаква доблест дека сака Македонија да почне да излегува од овој бунар без дно во којшто западна. 

Точно е дека во нивни раце е составот на Владата (поради потребата од коалицирање со нив), и токму поради тоа, држењето во заложништво на сите етнички заедници, меѓу кои и таа (на Албанците) која ја застапува би престанало.
Прашањата на платформата треба да се разгледуваат и гласаат во Собранието на Р. Македонија - демократски и интеграциски, а не зад затворени врати, пред чиишто прагови се бришат валканите чевли на секој случаен минувач, а чергичињата за тоа се калливи веќе одамна.

Македонија, преку апелите на домашната и на меѓународната заедница, треба да премине во транспарентно општество кое би послужило за пример на сите држави во светот, за тоа како од хибриден режим и квазидемократија се преминува во слободно општество за сите, преку употребата на пенкалото и на со Устав загарантираното право за изразување протест на улица.

ДУИ е виновна како партија, што му даде амин на Иванов со платформата, да ја дозакочи кризата и да ја втурне во темнина од неинформираност, а со тоа ги повлече и останатите албански партии. Без неа, Иванов ќе нема изговор за да не го даде мандатот, со што би се продолжило таму каде што сме застанале.

Со целата оваа турлитава од непочитување на Уставот на РМ, преку оставање на функција министри, кои се и пратеници, Претседател кој толкува членови како му „душата“ сака (којшто се' уште го сметам за најголем виновник за продлабочувањето), одложувањето на локалните избори и пореметување на Изборниот Законик и останати незаконитости, ние како граѓани се оттргнавме од главната цел за којашто се бориме, а тоа е спроведување пред лицето на правдата (преку работата на СЈО) на поранешниот премиер Никола Груевски и на неговата Фамилија, коишто ја осакатија Македонија.

Наместо да продолжиме заеднички против криминалот и корупцијата, ДУИ ни ја сруши Вавилонската Кула и не' доведе до расправија за нешта кои одамна преку законите и договорите се апсолвирани и ги доведе во прашање сите вложени напори за меѓуетничка интеграција, за кои бевме горди дека ги надминавме и почнавме повторно да живееме заедно.

Доколку ДУИ вистина сака да ја види Македонија интегрирана и демократска, ќе си го почитува статутот на партијата, почнувајќи од нејзиното име. Сосема е неважно кој се' првично ја прифатил платформата и со неа преговарал. Нејзиното разгледување треба да биде во Собранието, а во меѓувреме, да се вратиме на тоа што беше излез од оваа криза - БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА И КРИМИНАЛОТ КОЈА ЈА СОЗДАДОА ВЛАСТА НА ДПМНЕ И НА ДУИ.

Фејсбук статус на новинарот Огнен Јанески

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината