Охридска банка со раст на добивката во првите девет месеци
Објавено во: Финансии 04 Ноември, 2016 10:01
Кумулативниот реализиран финансиски резултат за периодот од 1.1 до 30.9 2016 год. изнесува 425.0 милиони денари и споредено со третиот квартал за 2015 година, бележи зголемување од 54.7 милиони денари, или 14,8%, покажува извештајот на Банката објавен на Македонска берза.
Според она што може да се забележи од објавеното нето-приходите од камати на крајот од третиот квартал од 2016 година изнесуваат 838.6 милиони денари и бележат пораст за 106.9 милиони денари, или 14,7%, споредено со остварените нето- приходи од камати во истиот период минатата година. Приходите од каматите се зголемени за 41.1 милиони денари, или 3,7% на кој раст најголем придонес имаше порастот на каматите од клиентските пласмани, позитивен придонес имаа и каматите од пласманите во хартии од вредност, додека приходите од камати од пласманите во НБРМ се пониски поради помалиот обем на пласмани.
Каматните трошоци бележат намалување за 65.8 милиони денари, или 18,0%, како резултат од намалените каматни трошоци на депозитите на клиентите и намалените трошоци по основ на субординираниот долг и странските кредитни линии.
Вкупните оперативни трошоци пак во периодот јануари-септември, споредено со истиот период претходната година, се намалени за 12.8 милиони денари при што пониски оперативни трошоци се забележани кај трошоците за вработени, канцелариски материјал, трошоците за одржување, осигурување, комуникација, за репрезентација и друго.
Исправката на вредноста на финансиските средства на нето-основа на крајот од третиот квартал на 2016 год. изнесува 168.3 милиони денари, споредено со 171.4 милиони денари за третиот квартал од 2015 година.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





