05 Декември, 2025
0.0352

ОХРИДСКА БАНКА значајно ги зголеми вложувањата во државни хартии од вредност!

Објавено во: Финансии 15 Септември, 2015 09:12

Добивај вести на Viber

Охридска банка вложила 28,9 милиони евра во државни хартии од вредност за една година. Според билансот на состојба вредноста на парични средства и еквиваленти на крај на јуни годинава била 8,31 милијарди денари што е за 32,2 отсто односно 3,95 милијарди денари помалку од истиот период лани „Охридска банка“, дел од меѓународната банкарска групација „Сосиете Женерал“, вложила 1,78 милијарди денари (28,9 милиони евра) во хартии од вредност од кои најголем дел се обврзници или записи кои ги гарантира Република Македонија, покажуваат податоците од билансот на состојба на оваа банка. Овој податок е фрапантно поголем затоа што билансот покажува дека во истиот период лани оваа банка во хартии од вредност држела само 28,1 милиони денари што е околу 456.000 евра. Според достапните податоци во период од крајот на јуни лани до крајот на јуни годинава менаџментот на банката вложил дури 28,9 милиони евра во хартии од вредност од кои најголемо учество, со оглед на понудата на нашиот пазар, имаат државните хартии од вредност. Зголемена добивка Според податоците од билансот на успех оваа банка во првата половина на годинава остварила профит од 259,5 милиони денари што претставува повеќе од двојно зголемување на добивката во однос на првата половина лани кога таа изнесувала 123,1 милиони денари. Зголемувањето на добивката на оваа банка е по два основи и тие учествуваат речиси по половина во растот на добивката. Првата половина од зголемените нето приходи од камати и од надоместоци. Втората половина е во спектакуларниот раст на ставката „останати приходи од дејноста“ каде се инкасирани 74,9 милиони денари, а лани биле инкасирани 67,7 милиони денари помалку. Во објаснувањето на менаџментот на банката објавено на веб страната на нашата берза пишува (цитираме): Другите приходи изнесуваат 74.8 милиони денари во кои е вклучена реализираната капитална добивка од продадени основни средства, продадени преземени средства за наплата на побарувања и приходи од дивиденда по основ капитални вложувања. Кај нето приходите од камати бројките се следни: тие на крај на јуни годинава изнесуваат 464,7 милиони денари и се за 42 милиони денари повисоки од нето приходите остварени во истиот период лани. Кај нето приходите од надоместоци износот е 125,5 милиони денари и е за 24 милиони денари подобар резултат од истиот период лани. Вкупно збирно од двете ставки, односно основната дејност, скорот е за 66 милиони денари подобар од лани. Остатокот од 70 милиони денари е резултат од растот на останатите приходи од дејноста. Тоа значи дека банката во овој период од основната дејност има помал раст на нето приходи одошто од ставката останати приходи. Подобрена пазарна позиција Во билансот на состојба евидентни се резултатите на менаџментот од подобрување на пазарната позиција на банката. Вкупниот кредитен пласман на комитенти (со исклучок на банки) е 20,09 милијарди денари и во однос на првите шест месеци лани состојбата е подобра за 8,4 отсто односно за 3,95 милијарди денари. Наспроти ова пак,  на страната на депозитите има пад. И тоа за 10 милиони евра помалку во однос на истиот период лани. Вкупната вредност на депозитите на други комитенти е 22,44 милијарди денари и е пониска за 2,7 отсто од лани. Од менаџментот објаснуваат дека (цитираме) : „Намалувањето на страната на пасивата во најголем дел се должи на намалувањето на депозитите од правни лица поради поголем одлив во мај по основ редовна исплата на дивиденда“. Се одлеваат камати од Охридска Банка кон Сосијете Женерал Инаку трендот на позајмување на средство од „мајката“и понатаму продолжува. На 18 август банката ги информираше своите акционери: Банката склучи амандман кон договорот за субординиран кредит со Сосиете Женерал Париз, на износ од 8 милони еур користен од 30.09.2011. Со амандманот кон договорот се менува рокот на користење на субординираниот кредит од 8 години на 13 години почнувајќи од денот на користење на кредитот, како и каматната стапка која согласно измената на договорот ќе изнесува 7,8487% до 30ти септември 2019, а од 1ви октомври 2019 до денот на доспевање ќе изнесува 5,11%. Аналитичарите на финансиските пазари ќе речат, добро е што каматната стапка е намалена од 11.5 % на 7.8% , но лошото е што и понатаму продолжува исцицувањето на фирмата ќерка на име камати , сега веќе со продолжен рок од 8 на 13 години.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката