OJO ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО ПРИЛЕП: Го убил внукот и син му поради нерасчистени имотни прашања
Објавено во: Македонија 13 Јули, 2025 09:46
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп изврши увид на лице место во куќа во центарот на Прилеп каде беа пронајдени безживотните тела на 11-годишно дете и двајца мажи на возраст од 43 и 63 години.
„Според првичните сознанија, 63-годишникот најпрво го лишил од живот својот внук од сестра и неговиот син, поради семејни недоразбирања и нерасчистени имотни прашања. По извршување на делото, мотивите за стореното ги објавил и на една социјална мрежа, а потоа се самоубил“, велат од ОЈО.
Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на починатите, како и за прибирање на сите траги, оружје и муниција пронајдени на лице место кои ќе бидат предмет на вештачење.
Според првичните сознанија, лицето се заканувало со оружје и со експлозив. Прилепчанецот на Фејсбук напишал дека сестрата му го зела имот, и да не си играат со човек кој нема што да изгуби.
Можеби ќе ве интересира
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата




