Околу 100 тела се извадени од еден кибуц во Израел
Објавено во: Свет 10 Октомври, 2023
Околу 100 тела се извадени од кибуц Беери, јавуваат израелските медиуми, повикувајќи се на групата за пребарување и спасување ЗАКА.
Канал 12 јавува дека телата се префрлени во ладилници. Бројот на жртвите убиени во разурнатиот кибуц, дом на околу 1.000 жители, се верува дека е уште поголем, пишува „Тајмс оф Израел“.
Еден жител претходно изјавил дека заедницата била целосно уништена од нападот на Хамас. Кибуц е социјална земјоделска општина во Израел со комунален имот и демократски структури. Кибуцимите одиграа важна улога во создавањето на Израел и во ционистичкото движење, и првично беа под силно влијание на социјалистичките идеи. Денес, земјоделското производство во кибуците е надополнето со други стопански гранки, од индустриски плантажи до високотехнолошко производство.
Кибуц е тип на уредување карактеристичен за Израел. Колективната заедница, традиционално аграрна, е наведено на веб-страницата „Туристички Израел“.
Првиот кибуц е основан во 1910 година, а денес ги има повеќе од 270. Тие еволуирале од нивните земјоделски почетоци и многумина денес се приватни.
Кибуците, без оглед на нивниот статус, нудат единствен поглед на израелското општество. Зборот кибуц значи „собир“, а првите биле наречени „квуца“, што значи група.
Од 1970-тите и 1980-тите, растечкиот тренд е приватизацијата на кибуците. Ова дојде со економскиот развој на земјата. Членовите на кибуците станаа луѓе кои придонесуваат за пошироката економија.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.