22 Јануари, 2025
0.0271

ОКТА ги задржа најдобрите практиканти – програмата продолжува со нови студенти

Објавено во: Мои пари 15 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

ОКТА продолжува со практикантската програма, нови 11 студенти во следните три месеци ќе имаат можност да стекнат вредни практични знаења од различни сектори. Дел од првите практиканти во ОКТА и понатаму ќе ја продолжат својата професионална обука во компанијата.
Практикантската програма е исклучително корисна за двете страни, а искуствата секогаш се позитивни. Студентите што ја поминаа програмата сега поседуваат нови знаења и вештини кои ќе им помогнат да започнат сопствени професионални кариери, а ОКТА наиде на исклучително едуцирани студенти со потенцијал што одговара на потребите на компанијата. Соодветно на нашата стратегија продолжуваме во континуитет со оваа програма за да им дадеме шанса на што повеќе студенти да искусат вистинска практични работа, како и можност за вработување во голема компанија како што е ОКТА“, изјави Радојка Х. Денковска, Менаџер за Kорпоративна општествена одговорност и комуникации во ОКТА.
Целта на оваа програма е да им овозможи на студентите да научат за практична примена на стекнатите знаење и искуство со кое ќе станат поконкурентни на пазарот на труд.
„За време на тримесечното искуство во ОКТА ми беше дадена можност да бидам инволвирана и да работам на многу тековни процеси, за кои дотогаш имав само теоретско познавање. На тој начин добив целосна претстава за функционирањето на една вака голема компанија. Се стекнав со нови знаења, учествував во конкретни проекти, а несебичната поддршка која ја добивав од вработените ме мотивираше  уште повеќе да придонесувам за успешно работење на компанијата. Сигурна сум дека ова искуство многу ќе ми користи за понатамошниот развој на мојата лична кариера“, изјави Моника Улер Зефиќ, една од практикантите.
Програмата се одвива во тримесечни циклуси,a изборот на студентите е од 8 факултети кои се блиски и сродни со оперативните сектори и дејности на ОКТА, и тоа од Универзитетот Свети Кирил и Методиј, како и од Универзитетот Американ Колеџ. Практикантите ќе бидат ангажирани во текот на целото работно време во различни оперативни сектори на компанијата. ОКТА ќе им исплаќа награда, а воедно ќе им обезбеди на практикантите и превоз и храна за времетраењето на праксата. Практикантската настава е составен дел од бизнис стратегијата на ОКТА, која ќе продолжи да се применува и во иднина.

Можеби ќе ве интересира

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: СИНОТ ЗА ВОДИЦИ ГО ФАТИ КРСТОТ, А ТАТКОТО ОСВОИ МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: СИНОТ ЗА ВОДИЦИ ГО ФАТИ КРСТОТ, А ТАТКОТО ОСВОИ МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ

Склучен Договор за соработка и донација помеѓу Фондацијата „Никола Јанчев“ и МАНУ

Склучен Договор за соработка и донација помеѓу Фондацијата „Никола Јанчев“ и МАНУ

Револуционерни зафати во Клиника Жан Митрев – минимално инвазивна замена на протеза на митрална валвула

Револуционерни зафати во Клиника Жан Митрев – минимално инвазивна замена на протеза на митрална валвула

НА ПАТ КОН ПОЧИСТА ИДНИНА – КОМПАНИЈАТА ЕЛЕКТРО ЕКО ГРИЖА ГО ОЛЕСНУВА РЕЦИКЛИРАЊЕТО НА ЕЛЕКТРИЧЕН ОТПАД

НА ПАТ КОН ПОЧИСТА ИДНИНА – КОМПАНИЈАТА ЕЛЕКТРО ЕКО ГРИЖА ГО ОЛЕСНУВА РЕЦИКЛИРАЊЕТО НА ЕЛЕКТРИЧЕН ОТПАД

Xiaomi го проширува портфолиото на AIoT со нови производи: Redmi Buds 6 сериja, Redmi Watch 5 и Xiaomi Power Bank 10000

Xiaomi го проширува портфолиото на AIoT со нови производи: Redmi Buds 6 сериja, Redmi Watch 5 и Xiaomi Power Bank 10000

United Group влегува во производството на обновлива енергија со почетна инвестиција од 120 милиони евра во Бугарија

United Group влегува во производството на обновлива енергија со почетна инвестиција од 120 милиони евра во Бугарија

Xiaomi најави лансирање на серијата Redmi Note 14 на пазарот во Северна Македонија

Xiaomi најави лансирање на серијата Redmi Note 14 на пазарот во Северна Македонија

Врвни перформанси и извонредно визуелно искуство со Galaxy телефоните и таблетите

Врвни перформанси и извонредно визуелно искуство со Galaxy телефоните и таблетите

ФДА одобри комерцијализација на никотинските кесички ZYN во САД

ФДА одобри комерцијализација на никотинските кесички ZYN во САД