21 Мај, 2024
0.0785

ОКТА со позитивни финансиски резултати во првиот квартал на 2016

Објавено во: Мои пари 13 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

ОКТА оствари уште еден последователен позитивен квартал при што клучен двигател е зголемената продажба на домашниот и странскиот пазар, заедно со поволните меѓународни цении оперативните активности од првиот квартал од 2016 година,како и оптимизацијатана синџирот на снабдување.Растот на пазарот забележан во текот на последните девет месеци од 2015 година, се чини дека досега не е под влијание на неодамнешното комплексно политичко опкружување.

Оттука, прилагодената ЕБИТДА достигна 102 милиони денари, највисоко ниво во последните пет години, додека пак профитот пред оданочување достигна 17 милиони денари,  во споредба со загубата од  33 милиони денари во првиот квартал на 2015 година.

Резултатот ќе беше за 20 милиони денари подобар доколку немаше разлика во трендот помеѓу домашните малопродажни цени и цените на меѓународниот пазар. Горенаведените позитивни резултати го зајакнаа слободниот готовински тек на компанијата и придонесоа одржување на готовинатана повисоко ниво во однос на  банкарските кредити заоколу 853 милиони денари, што е доволно да ги покрие планираните годишни капитални трошоци како и исплатата на дивиденда предложена за наредното  Генерално Собрание.

Во рамките на општествено одговорната практика на компанијата, изминатиот период беше обележан со иницијативи,развиени за да постигнат мерлива социјална промена. Во таа насока, двегодишниот придонес во националната општествено одговорна кампања „Шанса за Живот” беше успешно завршен, обезбедувајќи видлива позитивна промена во одделот, единствен по својата намена во земјата. Преку својата опсежна Програма за практиканти, ОКТА уште еднаш им даде можност на младите професионалци дополнително да го развијат своето академско знаење и да стекнат единствено искуство.

Менаџментот на ОКТА внимателно ја следи моменталната променлива средина и со проактивно планирање,постојано има за цел непрекинато да го снабдува пазарот во земјата и да ги надградува своите инсталации.

Можеби ќе ве интересира

Македонија2025 го организираше третиот САЕМ ЗА НАУКА: Дел од проектот „Науката и Јас“

Македонија2025 го организираше третиот САЕМ ЗА НАУКА: Дел од проектот „Науката и Јас“

Со спектакуларен концерт на Џибони, Fashion Group прослави 20 години!

Со спектакуларен концерт на Џибони, Fashion Group прослави 20 години!

Двајца уметници од регионот победници на НЛБ Муза, повикот на НЛБ Групацијата за интермедијална уметност

Двајца уметници од регионот победници на НЛБ Муза, повикот на НЛБ Групацијата за интермедијална уметност

Гранд Скопје на Конференцијата за недвижности ќе се претстави со иновативни и функционални решенија за инвестирање во иднината

Гранд Скопје на Конференцијата за недвижности ќе се претстави со иновативни и функционални решенија за инвестирање во иднината

ПЕТ ФАКТИ КОИ МОРА ДА ГИ ЗНАЕТЕ ЗА ВИВА SMOOTHIE

ПЕТ ФАКТИ КОИ МОРА ДА ГИ ЗНАЕТЕ ЗА ВИВА SMOOTHIE

Како да одберете премија за осигурување според потребите на вашиот бизнис?

Како да одберете премија за осигурување според потребите на вашиот бизнис?

Porsche традиционално на патиштата низ Македонија со ексклузивниот Road Tour

Porsche традиционално на патиштата низ Македонија со ексклузивниот Road Tour

Утре се одржува втората Конференција за недвижности во организација на ФОРТОНМКА

Утре се одржува втората Конференција за недвижности во организација на ФОРТОНМКА

Кина гради радарска мрежа за поддршка на глобалната вселенска временска прогноза

Кина гради радарска мрежа за поддршка на глобалната вселенска временска прогноза